Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Едно златно одличје и две бронзени освоија каратистите на „Макпетрол“ на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 што неодамна се одржа во Љубљана. Витомир Трајковски се закити со златен медал во тежинската категорија -84 килограми, а Стефан Стојановиќ се пласира на третата позиција во +84 кг. Јована Мицовска, пак, со женскиот тим во борби освои бронза.

tri-medali-za-karatistite-na-makpetrol-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-ljubljanaa-04.jpg

Каратистите на „Макпетрол“ ги освоија медалите во највозрасната категорија на помлади сениори (У21).

tri-medali-za-karatistite-na-makpetrol-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-ljubljanaa-02.jpg

Трајковски во категоријата до 84 килограми во У-21 извојува пет убедливи победи, а во финалето славеше 3-1 против Михајло Василиќ од Србија. Ова е нов успех на членот на „Макпетрол“ по бронзениот медал што го освои на Светските игри на боречки спортови во Ријад, Саудиска Арабија, во конкуренција на Топ 8 спортисти. Тој е прворангиран и на Светската ранг листа на Светската карате федерација  (WKF).

tri-medali-za-karatistite-na-makpetrol-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-ljubljanaa-01.jpg

Стојановиќ (+84 кг) во борбата за бронзата славеше против Антон Баждариќ од Хрватска со 4-1, а во полуфиналето загуби минимално од Немања Јововиќ од Црна Гора со 1-2.

tri-medali-za-karatistite-na-makpetrol-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-ljubljanaa-03.jpg

Македонија на најмасовното и најквалитетното регионално првенство настапи со 102 каратисти, односно 108 натпреварувачки влезови. На Балканското првенство настапија рекорден број од 1007 каратисти со 1078 натпреварувачки влезови од 13 држави.

Би можело да ве интересира:

Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е балкански карате-шампион Каратистот на клубот „Макпетрол“, Данило Божовиќ, освои златен медал на Балканск...
Христијан Бузалковски во Верона доби нов медал за мотоциклизам: „Ова ми е втора бронза во европскиот... „Уште еден историски момент за брзинскиот мотоциклизам во Македонија! Јас ј...
Злато и бронза за Мојсовска и Јовановска од „Макпетрол“ на Универзијадата во Полска Ангела Мојсовска освои злато, а Викторија Јовановска бронза на Европската Универ...
Олимписките медали се распаѓаат, бронзените чинат помалку од 2 кафиња во Скопје - Скандал во Италија Не помина ни една недела од почетокот на Зимските олимписки игри во Милано и Кор...
Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...

Најчитани неделава