Злато и бронза за Мојсовска и Јовановска од „Макпетрол“ на Универзијадата во Полска

Ангела Мојсовска освои злато, а Викторија Јовановска бронза на Европската Универзијада во Варшава. Двете каратистки беа дел од тимот на „Макпетрол“ што во рамки на македонската репрезентација се натпреваруваше во главниот град на Полска од 21 до 26 август.

zlato-i-bronza-za-mojsovska-i-jovanovska-od-makpetrol-na-univerzijadata-vo-polska-01.jpg

Петар Заборски и Јована Мицовска се пласираа на петтото место. Каратистите на „Макпетрол“ од вкупно шест настапи во четири поединечни категории се бореа за медал на оваа Европска универзијада.

Македонската универзитетска карате репрезентација на елитното универзитетско европско натпреварување освои вкупно три медали. Покрај Мојсовска и Јовановска, со сребро се закити и Љупче Михаилов од Штип.

zlato-i-bronza-za-mojsovska-i-jovanovska-od-makpetrol-na-univerzijadata-vo-polska-02.jpg

Ангела Мојсовска во финалната борба ја победи противничката од Косово, Мустафа Бехије, со резултат 4 - 3 и го освои златниот медал во категоријата под 68 килограми. Во мечевите до финалето, членката на скопски „Макпетрол“ ги оствари следните резултати против: Нина Лукенда (Хрватска) 8-4; Амина Фејзиќ (БиХ) 4-3; Влере Керими (Косово) 3-1.

Викторија Јовановска, пак, се бореше со Талија Блејк од Велика Британија (2-2), Михаела Малаута од Романија (2-3), во репасажот се сретна со Матилде Саке од Франција (7-1), а мечот со Лејла Топаловиќ од Австрија го доби со 3-0 и ја освои бронзата.

zlato-i-bronza-za-mojsovska-i-jovanovska-od-makpetrol-na-univerzijadata-vo-polska-03.jpg

На Европскиот универзитетски шампионат во боречки спортови, учествуваа над 1,100 спортисти од 32 европски држави. Тие се натпреваруваа во четири боречки спортови: карате, џудо, теквондо и кик-бокс.

Би можело да ве интересира:

Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...
ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула! Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот ост...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...

Најчитани неделава