Христијан Бузалковски во Верона доби нов медал за мотоциклизам: „Ова ми е втора бронза во европскиот шампионат“
- Детали
- вторник, 27 јануари 2026
„Уште еден историски момент за брзинскиот мотоциклизам во Македонија! Јас ја имав честа вторпат да го освојам овој престижен медал, овој пат за сезона 2025!“, вели Бузалковски, кој е еден од малкуте македонци кои возат мототрки низ Европа.

Викендов во Верона, Италија се одржа доделувањето на наградите на европскиот шампионат во мотоциклизам, а на нашиот Христијан Бузалковски му беше врачен бронзениот медал во неговата категорија - FIM Superstock 1000cup.

По враќањето во земјава, Христијан за CRNOBELO.com, рече:
„Во Верона истовремено се одржуваше и саемот на мотоцикли, таму беше организирано и доделувањето на наградите. Видовме многу нови мотори, новитети поврзани со нашиот спорт.
Јас и оваа сезона останувам во истата категорија. Првата трка ќе биде во мај, кога започнува новата сезона, а со мојот тим очекуваме да се подобриме и да оствариме поголеми резултати“.

Христијан објави и видео на својот Инстаграм, па со своите пријатели и следбеници го сподели моментот од добивање на медалот.
„Вториот бронзен ЕВРОПСКИ медал доаѓа во Македонија! 2023 & 2025 бронзен медалист на ФИМ Европскиот куп во класата СуперСток 1000!
Уште еден историски момент за брзинскиот мотоциклизам во Македонија!

Јас ја имав честа вторпат да го освојам овој престижен медал, овој пат за сезона 2025!
Огромно благодарам до сите кои што верувате, вложувате и навивате за мене и за мојот тим!“, напиша тој.

Погледнете го видеото:
Прочитајте и „Без филтер“ со Христијан Бузалковски: „Јас сум единствениот мото-тркач без возачка за мотоцикл во Македонија“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело