За него го оставила шекот со кого била верена: Љубовната приказна на Мирка и Роџер Федерер

„Тогаш ја запознав светлината на својот живот, жена за која би одел на Месечината“, знае да каже Роџер Федерер кога ќе го прашаат за првата средба со сопругата Мирка.

poradi-nego-go-ostavila-seikot-so-kogo-bila-verena-ljubovnata-prikazna-na-mirka-i-roger-federer-01.jpg

Роџер Федерер и сопругата Мирка првпат се сретнале на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година, каде и двајцата играле за репрезентацијата на својата земја.

„На последниот ден од вечерта, пред таа да замине во Токио и јас да се вратам во Швајцарија, се бакнавме и не знаевме каде ќе нè однесе тој бакнеж, но еве сме скоро 20 години подоцна.

Имаме четири деца и во брак и сме посреќни од било кога. Значи, тоа беше добар бакнеж“, изјави тенисерот пред некоја година.

Инаку Мирослава Мирка Вавринец е поранешна швајцарска тенисерка по потекло од Словачка.

Она што многумина не го знаат за врската со Федерер, е тоа што поради љубовта кон нејзиниот сегашен сопруг, таа го напуштила вереникот, богат Арап, а поради хронична болест на стапалото се откажала од тенисот.

poradi-nego-go-ostavila-seikot-so-kogo-bila-verena-ljubovnata-prikazna-na-mirka-i-roger-federer.jpg

Решила да се посвети на кариерата на Федерер и станала негов менаџер.

Првпат ја бакнал по наговор на колега кој бил со нив на спортски натпревар.

Се венчаа во април 2009 година во Базел со мала церемонија.

Во јули истата година ги добија близначките Мила Роуз и Шарлин Рива, а пет години подоцна станаа родители уште на две момчиња, Леон и Лени.

Мирка и Роџер Федерер важат за една од најхармоничните парови на светската јавна сцена, иако оваа двојка се соочи со огромни и бројни предизвици наметнати од неговата кариера.

Кога ја освои титулата на Australian Open во 2017 година, тој и се заблагодари на Мирка – нарекувајќи ја негова „брoj 1 поддршка“.

„Таа беше тука кога јас немав титули и таа е сè уште тука, 89 титули подоцна, така што имаше голема улога во победата“, им рече тој на новинарите по освојувањето на титулата.

„Таа го знае тоа, јас го знам тоа, сите го знаат. Таа е мајка брoј еден и сопруга, а дури потоа е и најголема поддршка“.

Инаку, Роџер Федерер почнал да се занимава со тенис кога имал шест години, а на 14 години веќе стана државен првак во сите категории

Забележа успех на јуниорскиот Australian Open, јуниорскиот Вимблдон, јуниорскиот отворен шампионат на Америка, а потоа во 1998 година заплови во светот на професионалниот тенис.

Во 2022 година Роџер го најави своето повлекување од тенисот со емотивна објава, во која им се заблагодари на Мирка и нивните деца за поддршката низ годините.

„Да го видам моето семејство како ме бодри од трибините е чувство што ќе го паметам засекогаш“, напиша тој.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...

Најчитани неделава