Нов „дијамант“ на македонската кошарка

На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига во машка конкуренција. Во државното финале се сретнаа екипите на Водно Санс и на Феникс 2010, а натпреварот донесе големи возбудувања и заврши со победа на Феникс 2010.

nov-dijamant-na-makedonskata-kosarka-03.jpg

Тоа што го одбележа натпреварот беше неверојатното издание на капитенот на противничката екипа Водно Санс - Давор Мојсовски кој беше најзабележителен играч на паркетот постигнувајќи феноменални 52 поени, 15 скокови, 4 асистенции и 3 украдени топки.

Во „дабл-даблот” учинокот на Мојсовски се вброија и 5 реализирани шутеви за 3 поени, што е своевиден раритет на натпреварите за деца до 12 години.

Изданието на Давор Мојсовски во текот целата оваа сезона, вклучително и на завршниот турнир, дава за право да кажеме дека се роди нов дијамант на македонската кошарка.

Доколку го продолжи развојот на кариерата на ист начин како и досега, македонската репрезентативна кошарка ќе има што да се гордее во иднина.

nov-dijamant-na-makedonskata-kosarka-02.jpg

nov-dijamant-na-makedonskata-kosarka-01.jpg

nov-dijamant-na-makedonskata-kosarka-04_copy.jpg

nov-dijamant-na-makedonskata-kosarka-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула! Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот ост...
Натпреварот со Португалија на Европско ракометно првенство заврши нерешено Натпреварот почна и заврши тензично, а крајниот резултат беше 29:29. Нашите рако...
Роналдо облече дрес на починатиот Диого Жота и му ја посвети победата над Хрватска – со Лука Модриќ ... На последниот танц на Модриќ и Роналдо, откако синоќа Португалија извојува побед...
Браво! 11- годишната Ана Бегова од Гевгелија е вистински бисер на македонската атлетика! 11-годишната Ана Бегова од Гевгелија е вистински бисер на македонската атлетика ...
Даниела Алексовска и Марко Трајановски доминираа пред домашната публика во Скопје! Синоќа, на 14.09, Македонија беше сведок на најголемиот ММА спектакл – Арммадa 1...

Најчитани неделава