Браво! 11- годишната Ана Бегова од Гевгелија е вистински бисер на македонската атлетика!
- Детали
- вторник, 18 ноември 2025
11-годишната Ана Бегова од Гевгелија е вистински бисер на македонската атлетика и во неа навистина може да ја гледаме иднината на овој спорт.

Изминатиот викенд, Ана освои прво место на Детската трка во својата категорија, а ја истрча и 5-километарската трка на November Run во Гевгелија за само 22 минути – освојувајќи го 12-тото место!
За нејзиниот успех, сподели тренерот Игор Јакимовски:
Новембер Ран има неверојатни приказни, а онаа која мене ми е број 1 од оваа година е ова слатко девојче и идна шампионка Ана Бегова.
Сега додека ја пишувам објавата за неа уште не ми е верно нејзиното постигнување на трка од 5 км со постигнат резултат од неверојатни 22.00 .
Замислете...
Девојче родено 2014 та година, односно на 11 години возраст трча во сабота 1 км за 03.53 и победува во својата категорија на детските трки, а веќе следниот ден храбро трча 5 км со возрасни за финиш време од точно 22 минути (04.24 пејс) и внимавајте...
Освојува 12- то место во генерален пласман !!!
Просто неверојатно за девојче на 11 години возраст.
Видовте, слушнавте, прочитавте за Ана некаде ?
Го забележа некој овој момент од цела наша атлетска фела во Македонија?
Ако не, тогаш сите заедно да и помогнеме на свој начин за најголемиот бисер и иднина на македонската атлетика.
Браво за Ана, браво и за тренерите во АК 7ми Ноември.
Ана тренира со тренерите Влатко Семенаков и Тоше Анчев.
