Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф Шумахер
Во 1998-ма година Ралф Шумахер беше во краткотрајна врска со британскиот модел Кети Прајс, позната и како Џордан. Тие двајца се запознале за време на снимањето на насловната страница на магазинот Esquire, додека таа била верена за Ворен Фурман.
Кети тогаш работела како модел за време на Ф1 трките, а во својата книга Being Jordan објавена во 2004-та година, вели дека таа и Ралф почнале да флертуваат за време на трките, заради што таа одлучила да стави крај на свршувачката со Ворен.

Ралф ја поканил во Монако, но во својата книга Кети раскажува дека таму доживеала големо разочарување, затоа што 3 дена спиеле во ист кревет, а тој не се обидел ништо со неа, туку само ја бакнувал за добра ноќ.
„Останав три вечери со Ралф, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме.
Дури почнав да се прашувам дали е геј“ – пишува Кети во нејзината книга.

Нивната врска не траела долго, а во 2001-ва година Ралф се ожени со Плејбој моделот Кора Каролин Бринкман, која се има појавувано и на насловните страници на GQ и Maxim, а по разводот работи како OnlyFans модел.

Само неколку месеци по стапувањето во брак, Кора и Ралф го добиле синот Давид, а во 2004-та година, Кора важела за најплатената жена возач во мото-трките.

Тие двајца биле во среќен брак сè до 2015-та година, а за време на разводот имале проблеми околу поделбата на имотот, но и за старателството над синот Давид.

Набрзо откако Ралф откри дека е во врска со партнерот Етијен, и неговиот син Давид остави краток коментар на Инстаграм, во кој напиша:
„Пресреќен сум што конечно најде некој со кого се чувствуваш удобно и безбедно, без разлика дали е маж или жена.
Секогаш 100 отсто сум до тебе тато, ти го посакувам најдоброто и ти честитам“.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ...
Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле...
За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ...
„Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни
Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата?
Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости...
„Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...