Шампањ, факели и српска музика во луксузен ресторан – Како ја прослави Новак Ѓоковиќ победата во Париз?

Со шампањ, факели и патриотска српска песна, Новак Ѓоковиќ среде Париз го прослави првото олимписко злато во неговата кариера. Погледнете како изгледаше веселбата приредена во луксузен ресторан, но и потсетете се на емотивните мигови кога сфати дека е победник.

shampanjsko-fakjeli-i-srpska-muzika-vo-luksuzen-restoran-kako-ja-proslavi-novak-gjokovikj-pobedata-vo-pariz-01.jpg

По огромниот успех што Новак Ѓоковиќ го оствари во Париз во неделата (04.08), кога стана првиот српски тенисер кој на својата земја ѝ донесе златен медал на Олимпијадите, во Белград се подготвува спектакуларен дочек, што ќе се одржи на 13-ти август.

Но, веднаш по победата над младиот Карлос Алкараз, Ноле до раните утрински часови славел во Париз, придружуван и од други српски спортисти.

Ноле, по победата организирал прослава во ресторанот „Siena“, што вообичаено го посетува кога е во главниот град на Франција, а од видеата може да се види дека Србинот гордо целата вечер ја поминал со српското знаме на себе.

Тенисерот, кој и самиот рече дека жртвувал многу за да ѝ донесе олимписко злато на својата земја, сакал победата да ја прослави прво со своите сонародници, а потоа и со големиот број пријатели и познаници.

До него, покрај брат му Марко, таа вечер биле српскиот фудбалер Душан Влаховиќ, како и пријателот на Ноле, поранешниот тенисер Јанко Типсаревиќ.

Токму Јанко на Инстаграм сподели видеo на коe може да се види како изгледала прославата која траела до раните утрински часови.

Присутните се забавувале на српска музика, а вработените во ресторанот го изненадија со факели и шампањ, додека сите во еден глас ја пееја песната „Весели се српски роде“, но и „Мики Милане“.

За да го видите моментот, кликнете на стрелките од објавата:

Инаку, за потсетување, Ноле во својата долгогодишна кариера има освоено голем број титули, медали и признанија, но ова му е првото Олимписко злато.

„Ги дадов срцето, душата, телото, сѐ што имав, за да освојам олимписко злато и на 37 години, конечно успеав“ – изјави Ноле за светските медиуми.

Во продолжение погледнете го мигот кога Ноле во солзи ја дочека победата на Олимпијадата:

https://www.tiktok.com/@ddikic26/video/7399329661928410374?_r=1&_t=8odZPOaeZJw

На следната страница погледнете уште неколку фотки од прославата во Париз...



Би можело да ве интересира:

Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Се исцрпува до повраќање, многу операции: Мрачната страна позади скијачката кариера на Линдзи Вон Листата на нејзини повреди е огромна, од скршеници до скинати лигаменти и повред...

Најчитани неделава