Бронза за Стојановиќ од „Макпетрол“ на Светскиот младински карате-шампионат

Стефан Стојановиќ, член на карате клубот „Макпетрол“, се закити со бронзен медал на Светското првенство за младинци во Венеција.

bronza-za-stojanovikj-od-makpetrol-na-svetskiot-mladinski-karate-shampionat-01.jpg

Одличјето освоено на турнирот во италијанскиот град е втор медал од младинските мундијали за македонскиот каратист. Тој пред две години беше второпласиран, односно освои сребро, на првенството одржано во Коња.

Во борбата за бронзен медал во категоријата над 84 килограми во младинска конкуренција, Стојановиќ го совлада Николаи Секот од Германија со 3-2. Македонскиот репрезентативец направи одличен пресврт откако противникот ги освои првите два поена.

Стојановиќ многу лесно можеше да се бори и во финалето, бидејќи во полуфиналната борба ремизира 3-3 со Италијанецот Матео Аванзини, но победата му беше доделена на домашниот натпреварувач поради правилото, „прв освоен поен“. Претходно нашиот каратист имаше три победи по ред на патот до полуфиналето.

За Стојановиќ ова беше втор медал од младинските Светски првенства, бидејќи пред две години освои сребро во Коња, Турција. Тој има и два медали од младинските Европски првенства, злато како јуниор и бронза во младинска конкуренција. Стојановиќ моментно е на прво место на Светската карате ранг-листа.

Македонската карате репрезентација во Венеција настапи со 35 каратисти со 37 натпреварувачки влезови. На Светското првенство во италијанскиот град учествуваа 1,990 спортисти со 1,936 натпреварувачки влезови од 113 држави.

Би можело да ве интересира:

Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Французинот кој трча и менува јакни е вистински хит на Олимпијадата - Што знаеме за Беноа Ришо? Оваа зимска Олимпијада донесе многу интересни моменти, спортски подвизи кои ќе с...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е балкански карате-шампион Каратистот на клубот „Макпетрол“, Данило Божовиќ, освои златен медал на Балканск...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...

Најчитани неделава