Македонско девојче: Илина Соколовска освои злато во Бундеслига

Македонското девојче Илина Соколовска повторно постигна неверојатен успех! На стартот на натпреварите во Бундеслига, Илина освои злато и го однесе нејзиниот клуб на врвот.

makedonsko-devojche-ilina-sokolovska-osvoi-zlato-vo-bundesliga-01.jpg

Првото место на нејзиниот клуб Гутерсло-Билефелд благодарејќи на поените кои ги освои Илина.

Ова уште еден успех на нашата Илина, која иако е со македонски пасош, сепак, освојува медали во Германија.

„Пред неколку дена во Бундеслигата, мојот тим, каде капитен е Гутерсло-Билефелд, за првпат имаше натпревар во Бремен и тоа според новите правила за судење во ритмичка гимнастика. Новите правила се многу строги, а се менуваат по секоја Олимпијадата.

На овој натпревар судиите судеа според новите правила.

Но, тоа мене не ми претставуваше проблем, бидејќи цело време се подготвував според новите правила.

Серијата започна со голем успех и затоа сум пресреќна“, рече Илина.

makedonsko-devojche-ilina-sokolovska-osvoi-zlato-vo-bundesliga-05.jpg

Таа додава дека конкуренцијата во Бундеслигата е една од најсилните во Европа:

„Германската женска репрезентација се натпреварува во клубови во Германија, има многу успешни гимнастичарки од други држави, тука мислам на репрезентативките на Италија кои се натпреваруваат за Баерн Леверкузен.

Во Лигата има многу гимнастичарки од  Унгарија, како и голем број од Русија и Украина, кои не можат да се натпреваруваат во своите земји поради војната.

makedonsko-devojche-ilina-sokolovska-osvoi-zlato-vo-bundesliga-06.jpg

А се знае дека нивната гимнастика е на многу повисоко ниво од другите земји. Ама со упорно тренирање мене не ми беше проблем да ги освојам најмногу поени.

Јас скоро 30 проценти од поените за мојот клуб ги донесов самата, едноставно беше мој ден. Сепак ова ми е третпат каде екипно се натпреварувам во финалето и го губиме, но се надевам догодина ако ни се придружи некоја добра гимнастичарка од елитата ќе бидеме и на победничките скали“.

makedonsko-devojche-ilina-sokolovska-osvoi-zlato-vo-bundesliga-07.jpg

Илина се натпреваруваше со лента, обрач и топка, и како и вообично, нејзината кореографија беше со македонска песна.

Вака изгледаат резултатите кога во средена држава се тренира, за разлика од Македонија каде ритмичката гимнастика е на маргините.

Илина и нејзината сестра Ева минатиот месец  по втор пат ја претставуваа Македонија на Балканско првенство, кое со право може да се каже и дека е Европско, бидејќи не учествуваат само земјите од Балкан, туку и од поширокиот регион.

makedonsko-devojche-ilina-sokolovska-osvoi-zlato-vo-bundesliga-02.jpg

„Со сестра ми ја претставувавме  Македонија по вторпат на Балканското првенство. Наша најголема желба е да настапуваме под македонското знаме иако нашата гимнастика не е на ниво на кое треба да биде.

Црногорците не прифатија како што доликува, како вистински професионалци и навистина се организирани по сите стандарди.

А ако ме прашаш за ритмичка гимнастика во Македонија, само ќе ти кажам- извини ама, за жал, ја немаме ни буквата Г од гимнастика.

Јас како репрезетативка на ФГСРМ слободно ќе кажам дека ние сме далеку, многу далеку во овој спорт и слободно можеме само да учиме од соседните држави.

Се надевам дека за нашата гимнастика ќе дојдат подобри денови и дека навистина за овој спорт ќе се размислува по сите норми и стандарди, како што доликува на една држава“, кажа Илина.

makedonsko-devojche-ilina-sokolovska-osvoi-zlato-vo-bundesliga-03.jpg

Илина и нејзината сестра Ева заедно со ФГСРМ ќе ја преставуват Македонија во Луксембург на Интернационален турнир по ритмичка гимнастика, кој ќе се одржи од 20-23 овој месец, а во март идната година заминуват за Франција каде на уште еден Интернационале турнир каде исто така ќе ја преставуват Македонија.

Би можело да ве интересира:

Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...

Најчитани неделава