Елиф Елмас потпиша за Торино: „На ваше барање, Македонецот е пак во Италија“

Пред да го обелоденат името на Елмас, од клубот споделија фотографија од овошна салата како навестување до фановите за кого станува збор, алудирајќи на тоа дека oвошната салата во Италија се продава и под името „салата Македонија“.

elif-elmas-potpisha-za-torino-na-vashe-baranje-makedonecot-e-pak-vo-italija-01.jpg

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас по една година се враќа во италијанската Серија А, откако денес потпиша договор со екипата на фудбалскиот клуб Торино.

Елиф доаѓа во Torino на позајмица од екипата на Лајпциг.

Италијанскиот клуб, доколку покаже интерес, летово ќе може да го откупи договорот на Елмас од германската екипа за 17 милиони евра.

Доаѓањето на Елиф предизвика бура на реакции меѓу фановите на нашиот фудбалер.

И од клубот не ја криеја возбудата што Елмас ќе игра за нив во наредните неколку месеци, па на социјалните мрежи објавија неколку фотографии и видеа за да го одбележат неговиот прв ден во Торино.

„На ваше барање, повторно во Италија“, пишува на едно од видеата објавени на Инстаграм.

Пред да го обелоденат неговото име, од клубот споделија фотографија од овошна салата како навестување до фановите за кого станува збор, алудирајќи на тоа дека oвошната салата во Италија се продава и под името „салата Македонија“.

„Чест и задоволство ни е што можеме да објавиме дека го комплетиравме трансферот на Елиф Елмас од Лајпциг, на привремена база, но со опција за перманентен трансфер“, објавија од клубот.

Елиф во екипата на Торино ќе го носи бројот 11.

Фановите му го честитаа враќањето во Калчо лигата, а многумина му порачаа дека сепак би сакале да го видат во дресот на Наполи, со кој го постигна досега најголемиот успех во кариерата.

Погледнете го видеото од првиот ден на Елиф во Торино:

Прочитајте и Елиф Елмас ексклузивно за CRNOBELO: „Пред првиот натпревар за репрезентација ми потекоа солзи радосници“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
Протекоа скандалозни снимки од забави на фудбалери со ескорт девојки во Италија - присуствувал и Ибр... Контроверзниот италијански бизнисмен, Фабрицио Корона, познат и како „кралот на ...
ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...
Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е балкански карате-шампион Каратистот на клубот „Макпетрол“, Данило Божовиќ, освои златен медал на Балканск...

Најчитани неделава