Нашиот Ервин Цого останува селектор на швајцарската 3х3 репрезентација до 2028: „Целта е да одиме на Олимпијада“

„Договорот е до 2028-ма, а 2028-ма е година на Олимпијадата, па се надевам на квалификација на најголемото спортско натпреварување, бидејќи 3х3 е веќе олимписки спорт“, вели Цого, кој претходно го нодсеше македонскиот национален дрес.

nashiot-ervin-cogo-ostanuva-selektor-na-shvajcarskata-3h3-reprezentacija-do-2028-celta-e-da-odime-na-olimpijada-01.jpg

Најдобриот македонски баскетџија, Ервин Цого, го продолжи договорот со Швајцарскста кошаркарска федерација и ќе остане селектор на машката 3х3 репрезентација до 2028-ма година.

Цого, кој го презеде кормилото на 3х3 репрезентацијата на почетокот на 2024, во првата година како селектор успеа да ги освои квалификациите за Европското првенство, и на шампионатот да го освои 4. место со швајцарската репрезентација.

nashiot-ervin-cogo-ostanuva-selektor-na-shvajcarskata-3h3-reprezentacija-do-2028-celta-e-da-odime-na-olimpijada-02_copy.jpeg

За новите предизвици, Цого вели:

„Договорот е до 2028-ма, а 2028-ма е година на Олимпијадата, па се надевам на квалификација на најголемото спортско натпреварување, бидејќи 3х3 е веќе олимписки спорт.

Летово ќе играме квалификации за Европското првенство во Букурешт на 7 и 8 јуни, а после тоа одиме на Светското првенство во Монголија, кое ќе се игра на 22 и 23 јуни.

Обезбедивме учество на Светско, откако лани завршивме четври на Европското првенство и добивме директен тикет за на Светско.

nashiot-ervin-cogo-ostanuva-selektor-na-shvajcarskata-3h3-reprezentacija-do-2028-celta-e-da-odime-na-olimpijada-03.jpg

Играчите во тимот и годинава се исти - шест играчи се во конкуренција, од нив 4 ќе бидат избрани за натпреварување.

Се познаваме сите добро, имаме добра хемија во тимот.

Со добра хемија и желба за успех, може да изненадиме секого и да дојдеме до големи успеси“.

За потсетување, Ервин Цого беше член на македонската 3х3 репрезентација - тој во летото 2023 ја заврши својата репрезентативна кариера по настапот со националниот тим на турнир во Братислава.

nashiot-ervin-cogo-ostanuva-selektor-na-shvajcarskata-3h3-reprezentacija-do-2028-celta-e-da-odime-na-olimpijada-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Олимписките медали се распаѓаат, бронзените чинат помалку од 2 кафиња во Скопје - Скандал во Италија Не помина ни една недела од почетокот на Зимските олимписки игри во Милано и Кор...
Топ 10 најзгодни спортистки на Зимските олимписки игри 2026 На врвот убедливо е најзгодната лизгачка Јута Лердам, но тука е и скијачката Ејл...
Французинот кој трча и менува јакни е вистински хит на Олимпијадата - Што знаеме за Беноа Ришо? Оваа зимска Олимпијада донесе многу интересни моменти, спортски подвизи кои ќе с...
Нашата скијачка Јана Атанасовска не ја заврши трката во слалом на Олимпијадата 2026 „По идентичното сценарио од велеслаломот пред неколку дена, Јана направи грешка ...

Најчитани неделава