Франческо Ачерби - двапати го победи ракот, се избори со депресијата, пронајде љубов и постигна клучен гол за Интер
- Детали
- четврток, 08 мај 2025
Играл за повеќе од 10 клубови, но најголемите битки не ги водел на теренот, туку надвор од него. По смртта на својот татко, Ачерби западнал во депресија и алкохолизам, а во 2013 година се соочил со дијагнозата рак на тестис, но зошто вели дека всушност ракот му го спасил животот?
Франческо Ачерби го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите на 6 мај 2025 година, во реваншот од полуфиналето помеѓу Интер и Барселона.
Неговиот погодок во 93-тата минута израмни на 3:3 и го одведе натпреварот во продолженија, каде што Интер победи со 4:3 и се пласираше во финалето со вкупен резултат од 7:6.
37-годишниот дефанзивец на Интер покажа напаѓачки инстинкт.
И иако Давиде Фратези го постигна победничкиот гол, токму Ачерби го испиша најемотивниот момент на мечот со својот прв гол во европските натпревари - на своето 66-то појавување.
Ачерби е роден во предградијата на Милано во 1988 година, а патот до успехот не му бил лесен.
Играл за 10 различни клубови, но најголемите битки не ги водел на теренот, туку надвор од него.
По смртта на својот татко во времето кога играл во Милан, Ачерби западнал во депресија и алкохолизам.
Во 2013 година му бил дијагностициран тумор на тестис, кој беше успешно отстранет.
Сепак, болеста се вратила, па поминал хемотерапија во 2014.
Тој отворено зборува дека токму болеста му го спасила животот, бидејќи му дала нова цел и сила да се избори со психичката криза.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





