Тренерот Луис Енрике емотивен за ќерката што почина од рак (9) - Пред 6 години славеа заедно, сега ѝ ја посвети титулата на ПСЖ

Кога во 2019 година, поранешниот шпански фудбалер Луис Енрике, ја загуби ќерка си Хана по само 5-месечна битка со рак на коските, тоа остави огромна празнина во неговото срце. Но, пред само неколку дена, кога како тренер на ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, тој победата ѝ ја посвети токму неа.

trenerot-luis-enrike-emotiven-za-kjerkata-shto-pochina-od-rak-9-pred-6-godini-slavea-zaedno-sega-i-ja-posveti-titulata-na-pszh-01.jpg

Шампионската европска титула, која ПСЖ ја освои минатиот викенд, предизвика бура емоции меѓу француските навивачи.

На стадионот во Минхен, ПСЖ со 5:0 го победи италијански Интер и се запиша на листата најдобри европски клубови.

Фудбалерите се радуваа, навивачите беа во делириум, а тренерот Луис Енрике, во солзи.

Тој шампионската титула ја посвети на својата почината ќерка, која имаше само 9 години, а почина по кратка борба со инванзивен вид рак на коските.

Луис Енрике ја соблече својата кошула и на теренот остана по маичка на која беа нацртани две карикатури - тој и ќерка му Хана со знамето на ФК Барселона во рацете, кои се радуваат на победата на Барса против Јувентус во Лигата на шампиони во 2015 година.

Оваа слика, од малата Хана која носи дрес со бројот 8, бројот на нејзиниот славен татко и го вее знамето, остана врежана длабоко во сеќавањата на сите фудбалски фанови.

Во нејзина чест и фановите на ПСЖ пред натпреварот во Минхен, на трибините раширија огромно знаме со истата слика - таа во дрес со бројот 8, знамето и Луис Енрике.

„Имам една прекрасна фотографија од неа, како го забодува знамето на Барса во фудбалскиот терен. Ќерка ми овој пат нема да е покрај мене физички, но ќе биде присутна со духот“ - рекол Енрике пред финалниот натпревар.

Луис Енрике секогаш со многу емоции зборува за ќерка си, па вели дека поминале прекрасни 9 години со неа:

„Дали се сметам за среќен или несреќен? Мислам дека сум среќен.Ми велат дека ќерка ми почина на само 9 години. Да, но таа дојде на овој свет и беше покрај нас 9 прекрасни години, а ние имаме прекрасни спомени, видеа, фотографии од неа.

Мајка ми не чуваше дома фотографии од Хана, додека не ја прашав зошто нема ниедна, а таа ми рече дека не може. Ѝ одговорив дека мора да стави фотки низ домот, зашто, иако не е меѓу нас физички, секогаш ќе биде присутна со духот“.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Носи јакна со глина од тениските терени, танцува со ќерката - Ноле е повторно главен „фраер“ на Rola... Ноле, кој е познат по строгата дисциплина и посветеноста на работата, освен што ...

Најчитани неделава