Македонија ја извојува првата победа на ЕМОФ Скопје 2025, кошаркарките ја совладаа Литванија во Баскет 3х3

Во вечерните часови на вториот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – Скопје 2025, младите кошаркарки и ја донесоа првата победа на Македонија на ЕМОФ, совладувајќи ја Литванија во Баскет 3х3 со резултат 14:11.

makedonija-ja-izvojuva-prvata-pobeda-na-emof-skopje-2025-kosharkarkite-ja-sovladaa-litvanija-vo-basket-3h3-01.JPG

Останатите македонски репрезентации продолжија со борбени настапи во вториот ден, но повторно не успеаја да стигнат до победа. Женската ракометна репрезентација го запиша и вториот пораз, овојпат од селекцијата на Швајцарија (33:20) во второто коло од групната фаза. Машкиот тим, исто така, беше поразен, од селекцијата на Шпанија со 31:26.

На кошаркарските терени, девојките загубија убедливо од Финска (76:35), додека машката селекција не успеа да се наметне против Франција. Во одбојкарските натпревари, и машката и женската репрезентација беа поразени без освоен сет, обете играа против Словенија.

makedonija-ja-izvojuva-prvata-pobeda-na-emof-skopje-2025-kosharkarkite-ja-sovladaa-litvanija-vo-basket-3h3-02.JPG

Големи атлетски возбудувања и злато за Србија во стрелаштво

Останатите борилишта на вториот ден донесоа нова доза спортски возбудувања и резултати, сјајни изданија на младите европски таленти. Финалните трки во атлетика, велосипедизам, стрелаштво и џудо ја зацврстија атмосферата на фестивалот како вистински празник на младинскиот спорт.

makedonija-ja-izvojuva-prvata-pobeda-na-emof-skopje-2025-kosharkarkite-ja-sovladaa-litvanija-vo-basket-3h3-3.JPG

И покрај високите температури и топлото време, спортистите на отворено покажаа извонредна подготвеност и борбеност, измерените максимални 43 степени Целзиусови, не ја намалија спортската енергија што владееше на терените. Единствено, беа одложени дел од натпреварите во баскет 3x3, поради жештината и безбедноста на натпреварувачите.

Во финалето на 110 метри со пречки за момчиња, златниот медал го освои Рафаел Францини од Белгија со време од 13.24 секунди, а истото време го постигна и Французинот Маел Лануирен, но по фото-финишот, Францини беше прогласен за победник. Третото место, со заостанување од 0.22 секунди, му припадна на Ентони Перез од Шпанија.

Во финалето на 400 метри кај девојките, најбрза беше Живка Ремич од Словенија со време од 52.21 секунди. Италијанката Лаура Фратароли заврши втора (53.71), додека бронзата ја освои Ерин Фриел од Ирска со време од 54.02 секунди. Кај момчињата, златото замина во Чешка – Томас Хорак истрча за 46.60 секунди. Швеѓанецот Хуго Келандер беше втор, а Гркот Спиридон Конидарис го заокружи подиумот со време од 47.42 секунди.

makedonija-ja-izvojuva-prvata-pobeda-na-emof-skopje-2025-kosharkarkite-ja-sovladaa-litvanija-vo-basket-3h3-04.JPG

На вториот натпреварувачки ден на ЕМОФ започнаа и друмските велосипедски трки, во Куманово. Во женска конкуренција, златниот медал го освои Каролина Хајдукова од Словачка, додека во машка конкуренција најбрз беше Јанис Бертуд од Швајцарија.

Во екипното финале во стрелаштво – 10 метри со воздушен пиштол, златниот медал му припадна тимот на Србија, кој во тесна и драматична завршница ја совлада Словенија со резултат 12:10.

makedonija-ja-izvojuva-prvata-pobeda-na-emof-skopje-2025-kosharkarkite-ja-sovladaa-litvanija-vo-basket-3h3-05.JPG

Што не очекува во среда на ЕМОФ Скопје 2025?

Среда (23 јули) носи нов бран од спортски возбудувања на ЕМОФ Скопје 2025. Младите олимписки надежи ќе продолжат со настапи во 13 спортови на повеќе спортски арени во Скопје и Куманово.

makedonija-ja-izvojuva-prvata-pobeda-na-emof-skopje-2025-kosharkarkite-ja-sovladaa-litvanija-vo-basket-3h3-06.JPG

На арената „Тодор Проески“ ќе се одржат финалните натпревари во машка конкуренција во скок во височина, 5 км брзо трчање, мешана штафета 4x400 метри, како и фрлање копје. Во салата „Јане Сандански“ се очекуваат возбудливи финалиња во џудо: девојки до 48 и 52 кг и момчиња до 60 и 66 кг.

makedonija-ja-izvojuva-prvata-pobeda-na-emof-skopje-2025-kosharkarkite-ja-sovladaa-litvanija-vo-basket-3h3-7.JPG

Во Куманово ќе се одржи планински велосипедизам во двете конкуренции, а натпреварите продолжуваат и во останатите спортови – квалификации во пливање, гимнастика, пинг-понг, бадминтон и стрелаштво. Од утре започнуваат борбите во теквондо.

makedonija-ja-izvojuva-prvata-pobeda-na-emof-skopje-2025-kosharkarkite-ja-sovladaa-litvanija-vo-basket-3h3-08.JPG

Детален распоред по спорт и временска рамка можете да најдете на следниот линк.

Би можело да ве интересира:

ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...
ЕМОФ Скопје 2025 свечено затворен: Европа обединета преку спортот, солидарноста и пријателството На ден како 26 јули – кога пред 62 години сите европски земји се обединија во по...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, пливачот Евгениј Поп Ацев спортист н... Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослободувањето на градот Скопје,...
Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...

Најчитани неделава