Роналдо грубо турна фан кој го „проби“ обезбедувањето за селфи - фудбалерот мета на критики (видео)

„Дали така се постапува со навивач?“, „Срамота, знаев дека е надмен, ама ова е премногу“ - се дел од коментарите по инцидентот, во кој фан му приоѓа на Роналдо од зад грб за да направи фотка со него.

ronaldo-grubo-turna-fan-koj-go-probi-obezbeduvanjeto-za-selfi-fudbalerot-meta-na-kritiki-video-01.jpg

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо секогаш предизвикува фама каде и да е појави и сите се обидуваат да стигнат до него за фотка, автограм или некој разменет збор.

Работите не беа воопшто поинакви ни во Ерменија, каде што репрезентацијата на Португалија минатиот викенд играше квалификации за Светското првенство во 2026 година.

Се чини работите излегоа од контрола кога момче успеа да го пробие обезбедувањето и незабележано да стигне до Роналдо во лобито на хотелот во Јереван, каде што беше сместен португалскиот тим.

ronaldo-grubo-turna-fan-koj-go-probi-obezbeduvanjeto-za-selfi-fudbalerot-meta-na-kritiki-video-06.jpg

Тој му притрчува на Роналдо од зад грб, па со телефонот застанува пред него во обид да направи фотографија.

Во моментот кога го здогледува покрај себе, Роналдо грубо го турка на страна, а од неколку страни притрчува обезбедување за да го тргне момчето, но и другите навивачи кои се во близина.

Инцидентот е снимен и се споделува на социјалните мрежи, а реакциите се поделени.

ronaldo-grubo-turna-fan-koj-go-probi-obezbeduvanjeto-za-selfi-fudbalerot-meta-na-kritiki-video-05.jpg

Едни го обвинуваат обезбедувањето за немарност, велејќи дека не смееле да дозволат непознат човек да му пријде на Роналдо, зашто никогаш не може да се сигурни во нивните намери.

„Што ако некој проба да го повреди, убие? Некој треба да ја изгуби работата заради ова“ - пишува во коментарите.

Други застанаа на страната на фанот, велејќи дека реакцијата на Роналдо е безобразна и несоодветна.

„Дали така се постапува со навивач?“,

„Срамота, знаев дека е надмен, ама ова е премногу“,

„Не ни очекував друга реакција, студен е и недостапен“,

„Браво за момчето, се снајде. Баш ме интересира каква е фотката“ - пишуваат други.

Но, има и такви кои го бранат Роналдо и неговиот потег.

„А што треба да прави - да дозволи секој да му пријде, да го тегне, вознемирува?“,

„Требаше уште посилно да го турне“,

„Баш ми е мило што го турна, луѓето треба да престанат да мислат дека јавните личности се нивна сопственост“,

„Па не мора да им удоволува на сите“ - велат оние кои сметаат дека португалската ѕвезда реагирала нормално во ситуацијата.

Погледнете ги видеата:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Роналдо со срце од злато! Го критикуваа дека не дојде на погребот на Диого Жота, а тој ќе плаќа за ш... Откако светските медиуми го критикуваа Кристијано Роналдо што не дојде на погреб...
Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
Во сообраќајка загина фудбалерот Диого Жота (28), две недели по свадбата со љубовта од детството До несреќата, наводно, дошло поради пукање на гума на возилото, по што тоа излет...

Најчитани неделава