По 5 разводи, Лотар Матеус има 38 години помлада девојка - Која е манекенката што го заведе легендарниот фудбалер?
- Детали
- сабота, 27 септември 2025
Поранешниот германски капитен, Лотар Матеус, има 5 деца од три различни сопруги, а некои од нив се постари од неговата сегашна девојка... Која е новата љубов на фудбалерот, но и кои се петте жени од кои се разведе?

Легендата на светскиот фудбал, Германецот Лотар Матеус, отсекогаш привлекувал подеднакво внимание со својата игра, но и со турбулентниот љубовен живот.
Ни неговото последно појавување во јавноста не беше различно, откако на црвениот тепих на доделувањето на наградите Ballon D’Or (Златна топка) во Париз, дојде со новата девојка.
Станува збор за Тереза Зомер (26), која е скоро четири децении помлада од познатиот фудбалер (64).

Не е првпат тие да се појават заедно во јавноста - во април беа видени на скијање во Ишгл, Австрија.
Во јуни, Тереза беше со Матеус неколкупати, вклучително и посетата на „Алијанц арената“ во Минхен каде што го гледаа полуфиналето на Лигата на нации помеѓу Германија и Португалија.
Четири дена подоцна беа и на финалето во кое Португалија играше против Шпанија.

Која е 38-години помладата девојка на екс-фудбалерот?
Тереза е модел и најчесто рекламира бикини.
Обожава спортови, па се занимава со скијање и џудо.

Во Англија студирала економија, на престижниот King’s College, а потоа и психологија на факултетот Durham.
И покрај врската со Матеус, успева својот живот да го чува приватен и не открива многу за себе.

Сите разводи на Лотар Матеус
Поранешниот капитен на Германија зад себе има пет разводи.
Се оженил со својата прва сопруга, Силвија, во 1981 година и од тој брак има две деца - Алиса, родена во 1986 година, и Виола, родена во 1988 година.
Парот се разведе во 1992 година.

Лолита Морена го роди неговото трето дете, Лорис, истата 1992 година.
Матеус и Морена, која е швајцарски модел и ТВ-водителка, а која ја претставуваше својата земја на изборите за Мис на светот 1982 и Мис на универзумот, се венчаа во 1994 година, но се разведоа во 1999 година.
Фудбалерот повторно пронајде љубовта Белград со модната претприемачка Маријана Чолиќ.
Таа и Матеус се венчаа во ноември 2003 година, а нивниот брак заврши четири години подоцна по долг развод, но Маријана и понатаму го носи неговото презиме.

Следна на листата е украинската манекенка Кристина Лилијана Чудинова, 21 година помлада од него.
Се запознале на Октоберфест во Минхен во 2007 година, а размениле завети во Лас Вегас во декември 2008 година.
Четвртиот брак на Матеус почна да се распаѓа на почетокот на 2010 година, кога таблоидите објавија слики од неговата сопруга како страсно прегрнува неименуван бизнисмен од Монако на неговата јахта.
Лотар и Кристина
Матеус се оженил петти пат во 2014 година со Анастасија Климко, со која го доби синот Милан.
Двојката се разведе во 2021 година, но беа видени заедно на Октоберфест две години подоцна, што доведе до шпекулации дека можеби ја обновиле својата врска.
Лотар и Анастасија
Повеќе фотографии од Тереза на следната страница...










А. Ј. | Црнобело
