Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости“
На прес-конференцијата по доделувањето на медалите и фамозното интервју, тој кажа:
„Ние правиме различни избори во текот на нашиот живот, а јас денес избрав да му кажам на светот што направив.
Значи, можеби, можеби постои шанса таа да види што навистина ми значи.
Можеби не, но не сакам да мислам дека не пробав сè за да ја вратам“.

Тој кажал и дека по објавувањето на видеото, а до моментот на прес конференцијата не добил никаква порака од неа, ниту пак нејзина реакција.
„Немав никакви реакции од девојката што ја споменав.
Среќен сум затоа што можеби таа не го видела тоа; можеби ќе го види во вистинско време.

Се надевам дека нема да направам ништо полошо за неа, но можеби може да помогне. Не знам.
Се надевам дека ќе имаме среќен крај. Значи, ќе видиме што ќе направи времето“, кажал тој.

Легрејд пред крајот откри и дека во него постои мала надеж дека можеби ќе му прости и ќе се смират.
„Не сакам да кажам која е. Таа имаше доволно работи со кои требаше да се справи минатата недела, но се надевам дека има светлина на крајот од тунелот за нас двајца. И дека таа може да продолжи да ме сака“, вели тој.

Погледнете го видеото од неговото признание:
А. Ј. | Црнобело
