Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости“
- Детали
- среда, 11 февруари 2026
„Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред 6 месеци ја запознав љубовта на мојот живот, најубавата и најљубезна личност на светот. Пред 3 месеци ја направив најголемата грешка, ја изневерив“, откри норвешки биатлонец, кој освои бронза на Олимпијадата 2026.

Норвешкиот биатлонец Стурла Холм Легрејд (28), вчера (10.02) освои бронзен медал на исцрпувачкиот машки биатлон на 20km.
A само неколку моменти потоа, во интервју во живо за норвешка телевизија, се расплака и призна дека си ја изневерил девојката.

„Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а кој можеби денес не ме гледа.
Пред шест месеци ја запознав љубовта на мојот живот, најубавата и најљубезната личност на светот.
Пред три месеци ја направив најголемата грешка во мојот живот, ја изневерив“.

Неговото неочекувано признание ги изненади и новинарката, но и норвешката јавност, бидејќи Легрејд, кој е седумкратен светски шампион е познат по својата челична фокусираност и смиреност под притисок.
Во интервјуто тој признава дека на девојката ѝ го признал неверството само една недела пред Олимписките игри и овој период го опиша како „најлошата недела во мојот живот“.

„Јас го освоив златниот медал во животот и сигурен сум дека има многу луѓе кои ќе ги гледаат работите поинаку, но јас имам очи само за неа.
Спортот ми е на второ место во последните неколку дена. Би сакал да можам да го споделам ова со неа“, рекол тој.

Додека зборува, на лицето на норвешкиот спортист почнуваат да паѓаат солзи, а гласот му трепери.
Тој кажа дека неговата одлука да си ја признае јавно грешката не ја донел лесно и дека не е сигурен дека тоа што го прави е вистинскиот потег.

