Се исцрпува до повраќање, многу операции: Мрачната страна позади скијачката кариера на Линдзи Вон
Причината за падот на Вон беше што ја закачи четвртата врата со десната рака, по што се заврте и со голема брзина падна на тврд, збиен снег. Се превртуваше повеќепати пред да запре.
Трикратната олимписка шампионка остана да лежи неподвижна во снегот и да вреска од болка.
Но, ова не е првпат Линдзи да има вакa сериозна повреда.

Таа уште на почетокот од јануари објави видео со своите успеси од спортот кој го обожава, но и сите жртви притоа, кои вклучуваат падови, скршеници, операции, па и исцрпеност на организмот при тренинзи до степен на повраќање.

Кликнете на видеото, па на стрелката десно:
Каква е моменталната повреда на Линдзи Вон?
Фрактура на тибијата е скршеница на потколеничната коска и претставува итна состојба.
Тибијата е една од најсилните коски во телото. Обично е потребна голема сила за да се скрши. Веројатно нема да можете да стоите, да одите или да ставате тежина на ногата ако имате скршена потколенична коска.

Комплексна фрактура подразбира повеќекратни скршеници на коската и оштетување на меките ткива.
Симптомите вклучуваат силна болка, вкочанетост и понекогаш коска што излегува низ кожата. Третманот вклучува стабилизација и хируршка интервенција.
Но, какви сè повреди имала Линдзи низ годините?

Историја на повреди на Линдзи Вон
Февруари 2026: Комплексна фрактура на тибијата која ќе бара повеќе операции, а досега веќе има 3 операции.
Јануари 2026: Скинат ACL, нагмечување на коска и оштетување на менискусот на левото колено по пад на Светскиот куп во спуст во Кран-Монтана, Швајцарија.
Јануари 2019: Повреда од удар на перонеалниот нерв.
Ноември 2018: Скинат латерален колатерален лигамент и менискус на левото колено, три фрактури на тибијалното плато по пад на тренинг во Копер Маунтин, Колорадо.
Ноември 2016: Скршена хумерус (надлактична коска) на десната рака по пад на тренинг во Копер Маунтин, Колорадо.

