Олимписка лизгачка побарала од професорот одложување на домашна – неговата реакција стана вирален хит

Кога си олимпијка, а имаш задача со рок на факултет... Уметничка лизгачка му напишала мејл на професорот во кој бара одложување на рокот на зададената задача, бидејќи се натпреварувала на Олимпијада, а неговата реакција беше хит и ги освои сите - си направил Инстаграм профил и објави фотка на која го гледа нејзиниот настап. 

olimpiska-lizgachka-pobarala-od-profesorot-odlozhuvanje-na-domashna-negovata-reakcija-stana-viralen-hit-01.jpg

Кога си олимписки натпреварувач, не ти требаат многу други причини за да ја одложиш домашната задача кај професорот.

Уметничката лизгачка Меди Шизас (22) балансира помеѓу натпреварувањето на Зимски олимписки игри за тимот на Канада и студирањето.

Таа е студент на Универзитетот McMaster во Онтарио, а стана вирален хит откако на социјалните мрежи сподели мејл кој го испратила до нејзиниот професор, барајќи да ѝ го продолжи рокот за домашната задача.

„Јас сум студент што слуша Социологија кај вас и се прашував дали може да добијам кратко одложување на рокот за задачата за оваа недела.

Се натпреварував на Олимписките игри вчера и мислев дека рокот е до недела, не до петок“.

На крајот на мејлот го додала линкот од соопштението на Олимпискиот комитет, што го потврдува нејзиното учество на Игрите.

olimpiska-lizgachka-pobarala-od-profesorot-odlozhuvanje-na-domashna-negovata-reakcija-stana-viralen-hit-02.jpg

Ден подоцна, Меди сподели дека мејлот успеал и дека го добила посакуваното одложување, a и на профилот на самиот универзитет ја објавија веста. 

olimpiska-lizgachka-pobarala-od-profesorot-odlozhuvanje-na-domashna-negovata-reakcija-stana-viralen-hit-5_copy.jpg

Иако претходно студентката го скрила името на нејзиниот професор, сепак тој се покажа како многу кул, а неговата реакција стана уште поголем хит.

Си направил Инстаграм профил и ставил една фотографија на која тој го гледа нејзиниот настап во уметничко лизгање.

„Горд сум на тебе Меди!“ – напиша професорот во описот на објавата.

Подоцна, во изјава за Wall Street Journal, професорот изјавил дека не бил свесен дека има студентка која е олимписки натпреварувач.

На почетокот на предметот тој побарал од студентите да напишат нешто со што подобро ќе се запознаат, но Меди никогаш не спомнала дека се натпреварувала на Олимписките игри во Пекинг во 2022, ниту дека ќе оди повторно сега.

„Го ценам тоа што не го искористила тој факт како причина да добие посебен третман и привилегии“ – изјавил професорот.  

olimpiska-lizgachka-pobarala-od-profesorot-odlozhuvanje-na-domashna-negovata-reakcija-stana-viralen-hit.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Французинот кој трча и менува јакни е вистински хит на Олимпијадата - Што знаеме за Беноа Ришо? Оваа зимска Олимпијада донесе многу интересни моменти, спортски подвизи кои ќе с...
Најзгодната лизгачка покажа како изгледа храната во олимпиското село – се служи 450kg паста дневно, ... Само во олимпиското село во Милано се служат околу 3.000 јајца и 450kg паста, на...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Даниела Алексовска и Марко Трајановски доминираа пред домашната публика во Скопје! Синоќа, на 14.09, Македонија беше сведок на најголемиот ММА спектакл – Арммадa 1...
Вознемирувачко видео: Лизгачка беше пресечена со сечилото од лизгалка на лице на ЗОИ - Се огласи од ... На Зимските Олипмписки Игри се случи уште еден драматичен инцидент во четвртфина...
„Не очекувавме толкава побарувачка“ – Во олимпиското село снема кондоми за 3 дена, сега ги обновуваа... Лизгачка минатата недела ги снимаше бесплатните кондоми на рафтовите, а викендов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg