Запросена најдобрата светска тенисерка - носеше апостолки и не очекуваше дијамантски прстен (видео)
- Детали
- среда, 04 март 2026
Белорусинката Арина Сабаленка, беше изненадена од запросувањето - носи кежуал комбинација со фармерки и маичка, косата ѝ е врзана во плетенка, но несредена, а на нозете има апостолки.

Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка, му кажа ДА на своето момче Јоргос Франгулис.
Тој клекна пред неа со голем дијамантски прстен во момент кога таа не очекуваше, а пред почетокот на мастерс турнирот во Индијан Велс.

Сабаленка не го криеше изненадувањето, па на Инстаграм Стори објави фотка од блескавиот прстен и порака: „Очигледно немав поим дека ова ќе се случи вечерва“.

Потврда за ова е и фактот што Сабаленка е во кежуал комбинација со фармерки и маичка, косата ѝ е врзана во плетенка, но несредена, а на нозете носи апостолки.

Таа и нејзиниот сакан објавија заедничко видео од моментот на запросувањето, каде што се гледа нејзината искрена реакција на среќа.
„Ти и јас засекогаш“, пишува во објавата.

Меѓу оние што им честитаа е и Новак Ѓоковиќ, а кој е многу добар пријател на тенисерката, но и често тренира заедно со неа.
Инаку, Франгулис е деловен партнер на Ѓоковиќ.
Тој е сопственик на брендот „Оукбери“ и со Ноле соработува во рамките на фудбалскиот клуб Ле Ман - двајцата се малцински сопственици на клубот од 2025 година.
Тие се дружат приватно и излегуваат заедно со своите понежни половини.

Повеќе фотографии од парот:
Кликнете и погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
