Носи јакна со глина од тениските терени, танцува со ќерката - Ноле е повторно главен „фраер“ на Roland Garros
- Детали
- вторник, 26 мај 2026
Ноле, кој е познат по строгата дисциплина и посветеноста на работата, освен што е фокусиран на титулата, овој пат вистински се забавува - славеше роденден во Париз со стил, покажа танцови движења и на теренот, а со ќерката Тара танцува на евровизиската „Бангаранга“.

Новак Ѓоковиќ се надева дека и годинава ќе го освои Roland Garros, и дека тоа ќе биде неговата 25-та гренд слем титула во кариерата, која толку многу ја посакува, и која, најверојатно е една од причините зошто сè уште активно игра тенис.

Но, тенисерот познат по строгата дисциплина и посветеноста на работата, овој пат, освен што е фокусиран на титулата, е решен и да се забавува, па изминативе денови покажа зошто е повторно главен „фраер“ на турнирот во Париз.

Новак го прослави својот 39-ти роденден во Париз, а роденденско изненадување му приредија организаторите на турнирот, кои му донесоа црна торта со златни свеќички.
Забава му организираше и неговиот главен спонзор, Lacoste - тие, пак, му направија „торта“ од колачиња поставени во форма на бројките 3 и 9, а меѓу гостите беше и тенисерот Данил Медведев.
Тука, Новак дојде облечен во широки панталони и јакна, по што доби комплименти дека изгледа одлично и дека овој стил му одговара повеќе од класичните костуми што ги носи понекогаш на настани.

На теренот, пак, изненади кога се појави во јакна со боја на цигла, на чиј грб е исцртан лик на волк, за кој новак кажа дека е неговото „духовно животно“.

Уште поинтересно е што јакната во портокалово-црвена боја е украсена со вистинска глина од терените на Rolland Garros, на која се играат натпреварите на турнирот па во објавата на Новак (слајд 4) може да се види процесот како глината се става на јакната.
Сепак, најголемите симпатии Новак ги доби кога сподели видео на кое го покажа специјалниот танц што го има со неговата ќерка Тара, а овој пат играат на победничката евровизиска песна „Бангаранга“.
