Популарни, згодни, успешни - Кои се сопругите и девојките на фудбалерите што ќе играат на Светско 2026?

Ерика Шоперен, сопруга на Антоан Гризман

Сопругата на францускиот репрезентативец Антоан Гризман, Ерика Шоперен, е детски психолог.

Тие се заедно повеќе од една деценија, а во брак се од 2017 година.

Иако повремено соработува со модни брендови, таа ја држи својата приватност подалеку од медиумите.

popularni-zgodni-uspeshni-koi-se-soprugite-i-devojkite-na-fudbalerite-shto-kje-igraat-na-svetsko-2026-07.jpg

Кејти Гудланд, сопруга на Хари Кејн

Капитенот на Англија, Хари Кејн, е оженет својата љубов од училишните клупи, Кејти Гудланд.

Тие се заедно повеќе од дваесет години, а британските медиуми често ги посочуваат како пример за еден од најстабилните спортски парови.

popularni-zgodni-uspeshni-koi-se-soprugite-i-devojkite-na-fudbalerite-shto-kje-igraat-na-svetsko-2026-06.jpg

Оријана Сабатини, сопруга на Пауло Дибала

Партнерката на аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала, Оријана Сабатини, и самата е голема ѕвезда.

Таа е успешна пејачка, актерка и модел, и со години е популарна во Латинска Америка.

Поради сопствената кариера, таа често привлекува исто толку медиумско внимание колку и нејзиниот партнер.

Парот неодамна доби бебе.

popularni-zgodni-uspeshni-koi-se-soprugite-i-devojkite-na-fudbalerite-shto-kje-igraat-na-svetsko-2026-05.jpg

Тини Стоесел, партнерка на Родриго Де Паул

Една од најпознатите латиноамерикански пејачки, Тини Стоесел, е во врска со аргентинскиот репрезентативец Родриго Де Паул.

Тини има милиони обожаватели низ целиот свет и е една од ретките партнерки на фудбалери која е глобално позната дури и без својот партнер.

popularni-zgodni-uspeshni-koi-se-soprugite-i-devojkite-na-fudbalerite-shto-kje-igraat-na-svetsko-2026-04.jpg

Мина Бонино, партнерка на и Федерико Валверде

Уругвајскиот играч Федерико Валверде е во долгогодишна врска со аргентинската спортска новинарка Мина Бонино.

За нивната врска често се пишува во медиумите, бидејќи Мина беше добро позната телевизиска личност и пред да ја запознае ѕвездата на Реал Мадрид.

popularni-zgodni-uspeshni-koi-se-soprugite-i-devojkite-na-fudbalerite-shto-kje-igraat-na-svetsko-2026-03.jpg 

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Погребан Диого Жота - Сопругата облечена во бело, бдението се одржа во црквата каде се венчаа пред 2... Вдовицата на фудбалерот на погребот дојде облечена во бело - боја која го слави ...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...

Најчитани неделава