Светската тенисерка Јелена Докиќ дојде во Скопје со дечкото - воодушевена од Стара Чаршија, Матка, плоштад
- Детали
- вторник, 28 јули 2026
„Скопје, убаво си!“, напиша некогашната четврта најдобра светска тенисерка, Јелена Докиќ, која има српско потекло и со неколку фотки на Инстаграм покажа како ужива во Македонија.

Поранешната четврта најдобра тенисерка на светот, Јелена Докиќ, која настапуваше и за Србија и за Австралија, во текот на својата кариера, е на летување во Европа.
Таа своето патување, се чини, го почна од Македонија.

Па, откако пред два дена сподели фотографија дека ужива во појадокот - ѓеврек и јогурт, најверојатно во Охрид, таа денес (28.07) е во Скопје.
Јелена е во друштво на својот партнер и заедно го истражуваат градот.

Парот беше на Матка, се прошетаа низ Старата чаршија, на плоштадот Македонија, влегоа во Соборниот храм.
„Скопје, убаво си!“, напиша таа на Инстаграм и покажа како ужива во градот.

Нејзините следбеници ѝ порачаа да ужива во Македонија и дека земјата е навистина убава.
За потсетување, Докиќ има двојно државјанство, па во кариерата играше и под знамето на Србија и Црна Гора и под знамето на Австралија.

Нејзиниот татко, Дамир Докиќ ѝ беше тренер, но пред неколку години таа откри дека била малтретирана од него и дека тоа е и една од причините што се повлече од тенисот.
Денес Докиќ е еден од коментаторите на Австралија Опен.

Погледнете повеќе фотографии:





А. Ј. | Црнобело