Уште најмалку два месеци пауза за Надал

uste-najmalku-dva-meseci-pauza-za-nadal

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, од тениските терени ќе отсуствува уште најмалку два месеца.

Поради повреда на коленото, Надал последниот меч го одигра на Вимблдон, кога во второто коло загуби од чешкиот тенисер Лукаш Росол.

Надал поради повредата го пропушти олимпискиот турнир, турнирите од мастер серијата во Торонто и Синсинати, како и последниот грен слем во сезоната, УС Опен. Под знак прашалник е неговото учество и на завршниот Мастерс, кој од 5. до 12. ноември ќе се одржи во Лондон.

„Не играв на Олимписките игри и УС Опен, а тоа беа најважните турнир оваа година на кои сакав да учествувам. Сакам да се вратам на терените, но бидејќи пред себе имам уште неколку години активна кариера, сега е најважно да ги одморам своите колена. Ќе се вратам во моментот кога нема да чувствувам никаква болка. Многу ми е подобро откако разговарав со лекарите и задоволен сум што рехабилитацијата добро напредува и што нема да морам да одам на операција“, рече Надал.

Анхел-Луис Которо, лекарот на Надал, најави дека во вторник ќе одржи прес конференција, на која ќе ги соопшти сите детали поврзани со повредата на шпанскиот тенисер.

03.09.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...
Носи јакна со глина од тениските терени, танцува со ќерката - Ноле е повторно главен „фраер“ на Rola... Ноле, кој е познат по строгата дисциплина и посветеноста на работата, освен што ...
ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула! Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот ост...

Најчитани неделава