Серена победи на УС Опен

serena-pobedi-na-us-open

Серена Вилијамс ја освои титулата на последниот тениски грен слем во сезоната, Отвореното првенство на САД.

Серена до својата 15-та титула на грен слем турнирите стигна со победата над Викторија Азаренка со 2.1 (6:2, 2:6, 7:5).

Финалниот меч донесе извонреден тенис на најголемата фаворитка на турнирот и првата носителка, Серена до финалето немаше загубено повеќе од четири гема во еден меч и по првиот сет изгледаше дека лесно ќе стигне до титулата.

Меѓутоа во продолжение на мечот Белорусинката играше рамноправно, на моменти беше и подобра од Американката, но не успеа да направи целосен пресврт. Како што го загуби првиот сет, Азаренка го освои вториот, а во третиот прва стигна до брејк.

Серена потоа го врати загубениот сервис, но Азаренка стигна до 5:4, во решавачкиот сет. Помладата Вилијамс, во финишот го подигна нивото на својата игра и до крајот освои три гема, со што стигна до титулата.

10.09.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...

Најчитани неделава