Мареј го освои својот прв Гренд слем

marej-go-osvoi-svojot-prv-gren-slem-1

Енди Мареј, во епско финале, ја освои титулата на УС Опен, победувајќи го Новак Ѓоковиќ со 3:2 (7:6, 7:5, 2:6, 3:6, 6:2), по речиси пет часа игра.

Шкотланѓанецот ја освои својата прва гренд слем титула во кариерата, откако претходно четири пати губеше во финалињата на најголемите турнири и стана првиот Британец по Фред Пери во 1936 година кој освои гренд слем титула.

Фантастичен прв сет одиграа двајцата тенисери, кој Мареј по 87 минути игра го доби во тај брејк. Британецот одлично започна и во вториот сет, стигна до 4:0 и 5:2, но Ѓоковиќ се врати во мечот израмни на 5:5. Мареј го доби својот сервис во 11-от гем, а потоа во 12-от направи брејк и поведе со 2:0.

Ѓоковиќ потоа влезе во вистински ритам и речиси без мака ги доби следните два сета со што израмни на 2:2.

marej-go-osvoi-svojot-prv-gren-slem-2

Во решавачкиот петти сет Мареј веднаш на почетокот му го одзеде сервисот на противникот, што на крајот се покажа како клучно за конечниот победник.

Двајцата играчи имаа тешки услови за игра, по силниот ветер Мареј подобро се снајде, нешто што го покажа и во полуфиналето против Бердих.

Мареј на крајот имаше 31 винер и 56 неизнудени грешки, додека Ѓоковиќ имаше 40 директни поени и 65 грешки.

„Разочаран сум поради поразот, но длабоко во себе знам дека го дадов максимумот. Дадов сè од себе за да се вратам во мечот и победам, но против себе имав голем ривал. Заслужи да освои гренд слем повеќе од било кого поради тоа што годинава беше најдобар. Порано беше толку близу, загуби во четири финалиња. Сега успеа и му честитам“, рече Ѓоковиќ.

marej-go-osvoi-svojot-prv-gren-slem-3

Британецот по победата не можеше да ги сокрие солзите, заблагодарувајќи му се на својот тренер Иван Лендл.

„Неверојатни беа условите во кои игравме. Подобро се снајдов на силниот ветер. За мене ова беше психолошки тежок меч, игравме речиси пет часа“, рече Шкотланѓанецот.

Енди Мареј со победата во Њујорк на најновата АТП листа на третото место го мина Рафаел Надал.

11.09.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Нема приватен авион, кога може се вози со велосипед на турнири – На што ги троши Новак Ѓоковиќ парит... Има колекција од скапи автомобили, но кога може, на натпреварите оди со велосипе...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg