Федерер пристигна на белградскиот аеродром, но никој не го препозна

Роџер Федерер предизвика вистински шок во Србија и во светскиот тенис со одлуката да заигра за швајцарската репрезентација против српската во Дејвис Купот.

federer-pristigna-na-srpskiot-aerodrom-no-nikoj-ne-go-prepozna-01

Малку се оние кои навистина поверуваа дека токму славниот тенисер го видоа на аеродромот „Никола Тесла“.

По слетувањето на швајцарската експедиција во Белград, сите го опколиле Станислав Варвинка и сакале да добијат, автограм од освојувачот на Аustralian Open, додека легендарниот Федерер со капа на главата им бил речиси непрепознатлив.

Дополнително било и неверувањето дека е можно една од светските легенди во тенисот навистина да допатува во Србија и да игра за швајцарската репрезентација.

Како што пренесуваат српските медиуми, се случила и една анегдота кога претседателот на белградскиот тениски сојуз, Милан Славковиќ му пришол на човекот со сива јакна и капа на главата кажувајќи му дека многу потсетува на Федерер. Тогаш тој застанал, се насмевнал, ја симнал капата и му рекол: „Па, јас сум Роџер Федерер“. Толку многу било големо неверувањето за неговото пристигнување.

federer-pristigna-na-srpskiot-aerodrom-no-nikoj-ne-go-prepozna-1

Од белградскиот аеродром тие се упатиле во Нови Сад, каде изнајмиле цел посебен хотел за да се смести целата швајцарска репрезентација, заедно со техничкиот персонал.

Швајцарија важи за фаворит со оглед на ѕвездите кои ги носи, како Варвинка и Федерер и со оглед на тоа што за српската репрезентација нема да играат ниту Новак Ѓоковиќ, ниту повредениот Јанко Типсаревиќ, ниту Виктор Троицки.

Би можело да ве интересира:

Федерер го исполни ветувањето кое му го даде на момче пред 5 години: „Ќе ме чекаш ли да пораснам и д... „Може ли да продолжиш да играш уште 8, 9 години за да можеме да играме заедно ко...
Мајката на Новак Ѓоковиќ ја откри неговата тајна: „Не сакаше ниту да се оперира“ „Новак не сака лекови, не сака да внесува сѐ и сешто во својот организам, се кае...
Порано и денес: Колку се променија популарните спортови и спортската опрема во последниот век? Додека денешните тенисери носат минимална облека која не им пречи при играњето, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg