Германија на врвот на светот: Сите моменти во финалето на Светското фудбалско првенство 2014

Вчера на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро по 24 години, во 113 минута од натпреварот со голот на 22-годишниот Марио Геце, германската репрезентација стана светски шампион во фудбал.

germanija-na-vrvot-na-svetot-site-momenti-vo-finaleto-na-svetskoto-fudbalsko-prvenstvo-2014-01

По 7 одиграни натпревари, меѓу кои и еден од најзабележителните историски мечеви кога го победи домаќинот Бразил со 7:1, конечно во финалето против Аргентина го освои четвртиот по ред светски трофеј.

Секогаш цврста, прецизина и пресметана, со силна одбрана и сигурен напад докажа зошто европскиот фудбал е еден од најдобрите, докажа како се издржува притисокот на финалето како настан, притисокот на играње против една славна фудбалска Аргентина, покрај неверојатниот Лео Меси, Игуаин, Агуеро и покажа какви млади играчи има.

Марио Геце има само 22 години, ова му е прво Светско првенство и го искористи максимално најдобро. Со единствениот гол, кој беше неодбранлив ја качи својата земја на врвот на светот. Име кое ќе биде запечатено во вечната фудбалска меморија и историја.

Покрај него, еден од најзаслужните во одбраната беше и голманот Мануел Ноер кој на крајот беше прогласен за најдобар голман на првенството со само 4 примени гола и ја доби Златната ракавица.

Лео Меси не можеше да остане ненаграден, иако според многумина имаше далеку подобри играчи од другите репрезентации, сепак тој беше прогласен за играч на Мундијалот и ја доби Златната топка.

Вообичаено, на ваквите настани, не се гледа единствено фудбалот, туку и целата организација на финалето како светски број еден настан во тој момент.

Токму затоа, многу славни личности, покрај оние директно поврзаните со фудбалот, сакаат да бидат дел од сето ова, да бидат видени, забележани.

Се издвојуваат моменти, луѓе, легенди, фотографии и сè она што го одбележува овој настан:

1. Свеченото затворање на Мундијалот, пред натпреварот го одбележа настапот на Карлос Сантана и танцот на Шакира.



2. Индискиот уметник Сударшан Патнајик даде свој белег на финалето

germanija-na-vrvot-na-svetot-site-momenti-vo-finaleto-na-svetskoto-fudbalsko-prvenstvo-2014-1.jpg


3. Вака германскиот министер за надворешни работи на Германија, Франк Штанмаер ја изрази поддршката за Германија.


4. Меси подобар е на тренинг


5. Бразилскиот супер модел Жизел Бундшен е подготвена за предавањето на пехарот, а и за да го испроба теренот на свој начин.

Уште 10 интересни моменти на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Дејвид Бекам ја „извиси“ Викторија при гушкање за голот на Англија - таа вештачки глуми и го гали до... По голот на Англија, Дејвид и Викторија се прегрнаа, а потоа тој се оттргнаа од ...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Моментот кога Пике беше „осуден“ да го гледа настапот на бившата Шакира на Светско 2026 со синовите ... Пике беше најомразен кога се дозна дека ја изневерил Шакира и ја остави за друга...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...
Растура на Светско, го нарекуваат „викинг“: Кој е норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд, што стана хит м... Ерлинг Халанд веќе важи за најдобриот фудбалер од Норвешка, но благодарение на С...
Македонското знаме повторно ќе се вее на врвот: Европскиот шампион Петар Мијалков ги стартуваше подг... По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана апсолутен ...

Најчитани неделава