Гери Хант победи во Мексико и е крунисан како светски првак во Red Bull Cliff Diving 2014

Последниот настан во сезоната ја донесе четвртата победа за 30-годишниот Британец во сезоната каде што веќе ја имаше обезбедено четвртата титула. Со точно 500 поени добиени од судиите за неговите изведби, тој го победи шампионот од 2013 година, Русинот Артем Силченко кој беше втор, додека на третото место се пласираше Американецот Дејвид Колтури.

geri-hant-pobedi-vo-meksiko-i-e-krunisan-kako-svetski-prvak-vo-red-bull-cliff-diving-2014-01.jpg

Седмиот натпревар од ова првенство, воедно и последен за 2014 година, беше одржан во Мексико, на полуостровот Јукатан, а одлучуваше кои пет скокачи од карпи автоматски ќе се квалификуваат меѓу десетте учесници за следната сезона. Во таа група влегоа спортисти од Англија, Русија, Соединетите американски држави и Колумбија, а останатите ќе учествуваат на квалификациите што ќе се одржат во февруари.

Сезоната исполнета со многу возбуда помина низ Европа, Карибите и Северна Америка, донесе четири различни победници од кои едно ново лице, а финалето на шестата сезона донесе одличен дуел во прекрасната „сина сенота“ Ик Кил. Новата сезона стартува во април 2015 година!

Финалето во женска конкуренција му претходеше на она кај мажите во кое 14 скокачи нурнаа во кристално чистата вода на подземното езеро во мексиканската џунгла низ четирите рунди на натпреварувањето.

Совршената изведба на скокот познат како „троен квад“, кој има дефиниран степен на тежина од 6.2, му донесе „деветки“ од судиите, со што Британецот собра вкупно 500,00 поени. Благодарение на двете десетки што ги доби за својот „внатрешен лет“, Русинот Артем Силченко се избори за второто место и уште еден финиш на подиумот (451,60 поени), откако победи на претходниот настап во Шпанија. Дејвид Колтури имаше добри изведби во вториот дел и се пласираше на третото место, со само 0,30 поени помалку од Силченко (451,30).

geri-hant-pobedi-vo-meksiko-i-e-krunisan-kako-svetski-prvak-vo-red-bull-cliff-diving-2014-1.jpg

Пласманот меѓу првите тројца направи Колтури на табелата да се искачи од седмото на петтото место и да освои позиција што му гарантира автоматска квалификација за 2015 година. Четирите победи во седум натпревари го прават Хант мошне значаен четирикратен шампион (1.110 поени).

Второпласираниот од Мексико, Артем Силченко, заврши втор и во генералниот пласман (860 поени). Во првата петорка се уште победникот од Португалија, Стивен Лобе (680 поени) како третопласиран, како и 10-кратниот светски првак Орландо Дуке (660 поени) на четвртото место.

Борбата за петтото место беше изедначена и пред последниот настан со кој се комплетираа околу 350 изведени скокови во 2014 година, но сега во најава е возбудлива квалификациска серија за преостанатите пет места во светското првенство на Red Bull Cliff Diving за 2015 година.

 За крунисувањето на машките и женските шампиони, организаторите се вратија кон археолошкиот локалитет Чичен Ица во Мексико, каде што се наоѓа синото езеро чии ѕидини се прекриени со бујна вегетација. Тоа се покажа како соодветно окружување за Рејчел Симпсон, која стана првата жена шампион во светското првенство, како и одлично место каде што „брилијантниот Британец“, Гери Хант стави печат на титулата.  Со постојаното покачување на степенот на тежината и комплексноста во изведувањето на скоковите, новите таленти избиваат напред, па одбраната на титулата ќе започне веќе во април 2015 година. 

Гери Хант (Велика Британија)

- Планот функционираше перфектно! Навистина сакав да победам тука, бидејќи два пати ја освојував титулата без да бидам на врвот на подиумот во последниот настан. Навистина го посакував тоа и го чувствував секој нерв додека бев на платформата. Пресреќен сум што го освоив. Губењето на титулата минатата сезона беше голема мотивација за мене. Немаше да бидам она што сум денес, ако не го преживеев тоа разочарување.

Артем Силченко (Русија)

- Оваа година завршив втор во генералниот пласман, што го сметам за фантастичен резултат за мене поради повредата на рамото. Во еден момент мислев дека нема да бидам меѓу најдобрите тројца, дека ќе морам да одам во квалификациите за следната година. За мене, ова беше една од најтешките години во кариерата.

Дејвид Колтури (САД)

- Во моментов се чувствувам како да сум на врвот на светот. Дојдов тука знаејќи дека имам шанса и дека мора да скокам многу добро, па се ми се вклопи. Можеби згрешив во мојот последен скок, но беше доволно за третото место на подиумот и за петтото место во генералниот пласман, па сепак сум одушевен.

Би можело да ве интересира:

Пике со солзи во очите се прости од фудбалската кариера – По натпреварот ја бакнува новата девојка, ... „Погледнете тој ја бакнува, а таа стои вкоченето. Тој ја сака, а таа е со него с...
Хит видео од момче во Белград: „Вечер Србија ќе го победи Бразил 3-0, а Нејмар ќе плаче како бебе“ На Твитер вирално се споделува снимка од интервју на момче во Белград, кое предв...
Порано и денес: Колку се променија популарните спортови и спортската опрема во последниот век? Додека денешните тенисери носат минимална облека која не им пречи при играњето, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg