Вашето дете може да биде придружба на Македонската Фудбалска Репрезентација на мечот со Австралија

Поддршката од фановите е најважна за спортистите, затоа Фудбалската Репрезентација на Македонија заедно со ФФМ деновиве активираше втора Фејсбук апликација во која сите љубители на фудбалот ќе можат да остават слика од своите деца, исто така фанови што навиваат за Македонија и да бидат избрани како придружба на македонските фудбалери во мечот со Австралија на 30 март на стадионот Филип II!

vaseto-dete-moze-da-bide-pridruzba-na-makedonskata-fudbalska-reprezentacija-na-mecot-so-avstralija-01.jpg

Сé што треба да направите е на Фејсбук страната на ФФМ да поставите слика од вашето дете како навива за Македонија и да бидете една од 26те најлајкувани фотографии.

Во играта може да учествуваат фотографии од сите машки и женски деца, на возраст од 5 до 8 години, не повисоки од 140см, а најсреќните на 30 март ќе им бидат придружба на фудбалерите од Македонката репрезентација на натпреварот Македонија - Австралија.

„Потребата за поддршка на професионалните фудбалери и на фудбалски фанови е неопходна, без разлика дали се работи за маалски фудбал или меч од национален карактер, затоа ние како Фудбалска Федерација сакаме и едните и другите да знаат дека делиме иста страст кон фудбалот, а со оваа Фејсбук апликација сакавме да им дадеме шанса на најмалите да почувствуваат како е да се биде пред огромна публика на стадион и со тоа да ги поттикнеме да се вљубат во фудбалот и во фудбалскиот терен.  А на нашите репрезентативци да им овозможиме внимание, восхит и љубов од оние најсикрените - децата“ - изјави Филип Поповски, Генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.

Апликацијата е активна, фотографирајте ги вашите деца со македонски дрес, знаме, капа или кој било друг симбол на Македонската Фудбалска репрезентација и поставете ги фотографиите на Фејсбук страницата.

Би можело да ве интересира:

Филип Поповски го истрча маратонот во Сиднеј 2025: „Доживување е да трчаш заедно со најдобрите во св... Првото издание на маратонот во Сиднеј, како дел од светската маратонска елита се...
Илина Соколовска првпат ја носи Македонија на Светско првенство по ритмичка гимнастика Илина Соколовска, успеа да ги освои потребните бодови и ја носи Македонија на Св...
Победниците не го добиваат оригиналниот трофеј, играчите не се платени од ФИФА: Факти за Светско што... Секој тим што се натпреварува добива солидна сума од ФИФА за подготовки и патува...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...

Најчитани неделава