ФФМ донираше опрема на 114 екипи во младинските конкуренции

Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки) на екипите од Супер и Првата лига (пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција).

ffm-donirase-oprema-na-114-ekipi-vo-mladinskite-konkurencii

Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на повеќе од 100 екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија.

-Ние го реализираме тоа што го прифативме како наша обврска. Развојот на младинскиот фудбал е приоритет и ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои посветуваат големо внимание на фудбалската иднина. Доколку сегашноста им припаѓа на денешната генерација фудбалери, нема дилема дека нашиот влог и заложба ќе се движат во насока на развојот на фудбалот од најмалите категории, се до почетокот на професионалнта кариера - истакна Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Секој од 114-те клубови кои примија донација имаат по 20-ет комплета спортска опрема (дресови, шорцеви, чорапи) и по 15-ет ЈАКО фудбалски топки.

-Ова е одлична работа, многу сме задоволни од опремата која ја добивме, посебно од фудбалските топки. За сите младински тимови е значајно кога има некој што може да им помогне. Голема благодарност до Фудбалската федерација на Македонија од името на ФК Вардар, изјави Кристијан Ристески, координатор на млади категории.

-Голема благодарност, добивме значајна донација во опрема и топки од Фудбалската федерација. Се надевам дека и ние преку начинот на кој го негуваме фудбалот од најмали нозе придонесуваме да се подигне квалитетот. Се надевам дека и во иднина ќе ја добиваме потребната поддршка од Федерацијата која е значајна за нас и за младите деца кои тренираат фудбал, вели Наумче Љамчевски, ФК Пелистер.

-Ни претставува задоволство што денеска примивме опрема и топки за потребите на ГФК Гостивар. За нас ова е многу значајно, за прв пат добивме квалитетна опрема за сите младински категории. Се надевам дека во иднина ќе соработуваме и на други полиња со цел да придонесеме за развој на младинскиот фудбал во целата држава, изјави Ерџан Менга од ГФК Гостивар.

Би можело да ве интересира:

Илина Соколовска првпат ја носи Македонија на Светско првенство по ритмичка гимнастика Илина Соколовска, успеа да ги освои потребните бодови и ја носи Македонија на Св...
Победниците не го добиваат оригиналниот трофеј, играчите не се платени од ФИФА: Факти за Светско што... Секој тим што се натпреварува добива солидна сума од ФИФА за подготовки и патува...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
Фудбалер на Арсенал исмеан поради крупната сопруга: „Богат е и згоден, може тој и подобро од неа“ „Деклан Рајс е милионер, фудбалска ѕвезда, фит, висок и згоден, но реши да избер...
Протекоа скандалозни снимки од забави на фудбалери со ескорт девојки во Италија - присуствувал и Ибр... Контроверзниот италијански бизнисмен, Фабрицио Корона, познат и како „кралот на ...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...

Најчитани неделава