15 причини зошто и жените треба да ја следат Олимпијадата
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
SEO Specialist 26-10-2020


15 причини зошто и жените треба да ја следат Олимпијадата

Олимписките игри за многумина се главна атракција ова лето. Сепак, постојат и такви кои не се многу заинтересирани за спортот, па воопшто не ги ни следат.

15-najzgodni-sportisti-na-olimpiskite-igri-vo-rio-01.jpg

Фотографиите што следат се обид да го привлечеме женското внимание кон Олимписките игри, но не преку спортските активности, туку со самите спортисти.

Девојки, погледнете ги најзгодните мажи на Олимписките игри во Рио:

1. Нинг Зетао – Пливач од Кина

Овој пливач го освоил златниот медал во 100 метри слободно пливање на World Aquatics Championships 2015 и победил дури 4 пати на Азиските игри.

15-najzgodni-sportisti-na-olimpiskite-igri-vo-rio-02.jpg

2. Том Дејли – Британски скокач

Во март 2008 година, Том стана најмладиот спортист што освоил златен медал на Европското првенство. На Олимписките игри тој има освоено 2 бронзени медали во 2012 и 2016 година. Покрај скокањето во базен, за време на студирањето, тој бил заинтересиран и за фотографирање.

15-najzgodni-sportisti-na-olimpiskite-igri-vo-rio-03.jpg

3. Камил Лакор – Француски пливач 

Камил е специјализиран за грбно пливање и бил трипати европски шампион, а дури 4 пати светски шампион. Тој е оженет со Мис Франција 2008, Валери Бег, со којашто имаат 4-годишна ќерка.

15-najzgodni-sportisti-na-olimpiskite-igri-vo-rio-04.jpg

4. Федерико Грабич – Аргентински пливач

Федерико освоил 4 медали, меѓу кои и златен, на Јужноамериканските игри во 2010 година и на Пан Американските Игри во Торонто во 2015 година.

15-najzgodni-sportisti-na-olimpiskite-igri-vo-rio-05.jpg

5. Чад ле Клос – Јужноафрикански пливач

Олимпискиот и светски шампион, на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, освои злато во 200 метри делфин. На овогодинешните игри, засега тој има освоено сребрен медал.

15-najzgodni-sportisti-na-olimpiskite-igri-vo-rio-06.jpg

6. Пита Тауфатофуа - Теквондо борач од Тонга

Пита е прв спортист од Тонга што се натпреварува на Олимписките игри во теквондо. Тој ја започнал неговата кариера на 5 години. Тој исто така работел и како модел од 18 години, а има и диплома за инженер и е активно вклучен во проекти за помош на бездомници.

15-najzgodni-sportisti-na-olimpiskite-igri-vo-rio-07.jpg

7. Ештон Итон – Американски атлетичар

Ештон е шампион на Олимписките игри во 2012 година и петкратен светски шампион, кој држи неколку светски рекорди во седмобој и десетобој. Тој е оженет со канадска атлетичарка која исто така е светски шампион.

15-najzgodni-sportisti-na-olimpiskite-igri-vo-rio-08.jpg

8. Марсел Нгујен – Гимнастичар од Германија

Марсел бил три пати европски шампион и два пати добитник на сребрен медал на Олимписките игри во 2012. Тој тренира гимнастика од неговите 4 години.

15-najzgodni-sportisti-na-olimpiskite-igri-vo-rio-09.jpg

9. Мет Андерсон – Американски одбојкар

Добитник на златен медал во Светската лига во 2014 година и победник на Светскиот куп во 2015. Мет е член на националниот одбојкарски тим на САД.

15-najzgodni-sportisti-na-olimpiskite-igri-vo-rio-10.jpg

10. Џејкоб Далтон –Американски гимнастичар

Џејкоб е медалист на различни национални и светски натпревари во гимнастика. Тој исто така е познат по тоа што има сопствена линија за спортска облека. Неговата сопруга е исто како и него професионална гимнастичарка.

15-najzgodni-sportisti-na-olimpiskite-igri-vo-rio-11.jpg

11. Владимир Морозов – Пливач од Русија

Владимир освои бронза во 4x100 метри слободно пливање на Олимписките игри во Лондон. Тој е повеќекратен руски национален шампион, два пати светски шампион и европски шампион во 2012.

15-najzgodni-sportisti-na-olimpiskite-igri-vo-rio-12.jpg

12. Рики Рубио – Шпански кошаркар

Откако се приклучил на националниот тим, Рубио освоил сребрен медал на Олимписките игри во 2008 и ја освоил титулата европски шампион во 2009 година. На само 18 години, тој станува најмладиот спортист што некогаш играл кошарка на Олимписките игри.

15-najzgodni-sportisti-na-olimpiskite-igri-vo-rio-13.jpg

13. Марсело Чиеригини – Пливач од Бразил

Марсело освои бронзен медал на Светското првенство во 2013 година. Потоа, го освои и златото на Пан Американските Игри во Торонто во 2015 година.

15-najzgodni-sportisti-na-olimpiskite-igri-vo-rio-14.jpg

14. Рајан Лохт – Американски пливач

Рајан е шесткратен олимписки шампион во слободно пливање. Тој исто така има освоено 39 златни медали на Светски првенства. Откако ја започнал својата кариера, тој држи повеќе од 10 светски рекорди.

15-najzgodni-sportisti-na-olimpiskite-igri-vo-rio-15.jpg

15. Алекс Рангиери – Италијански одбојкар на плажа

Алекс ја започнал својата кариера на само 6 години. На веќе 17 години, тој покажал одлични резултати кога почнал да игра за италијански тим од Рим. Моментално, неговата мајка, Мирта Рангиери му е најголем фан на Олимписките игри во Рио.

15-najzgodni-sportisti-na-olimpiskite-igri-vo-rio-16.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Четвртиот олимписки медал кој ретко кој го добива, а вреди повеќе од златото Верувале или не, постои нешто многу подобро од тоа да освоите златен медал на Ол...
10 држави кои речиси банкротираа заради организирање на Олимписки игри Олимписките игри се најголемиот спортски настан во светот и секоја година ги оче...
12 причини зошто Роналдо е непобедлива фудбалска машина и совршен идол Португалецот со челична дисциплина и вонсериски талент за фудбал го воодушевува ...

Најчитани неделава