Заминати во кошаркарската историја - пензионирани дресови во НБА

Неодамна, на 18 декември, беа пензионирани дресовите на Коби Брајант. Пензионирање на дресот е начин на оддавање почит на играчите коишто направиле многу за својот тим и за НБА лигата.

Penzionirani-dresovi-vo-NBA-01.jpg

Тоа значи дека броевите коишто ги пензионирал тимот не може да ги носи друг играч никогаш повеќе. Пензионирањето на дресот вообичаено се прави по пензионирање на играчот и по тој повод се одржува церемонија со обесување на банер со бројот на дресот во спортската сала на тимот.

Карактеристично за церемонијата на пензионирање на дресовите на Коби Брајант е што тој е единствениот играч којшто има пензионирани два дреса во истиот тим. Тоа е затоа што додека тој настапуваше за Лејкерси смени две бројки на својот дрес, 8 и 24, па така и тие два дреса беа пензионирани.

Penzionirani-dresovi-vo-NBA (3).jpg

Penzionirani-dresovi-vo-NBA (4).jpg

Мајкл Џордан исто така смени два броја на дресот додека настапуваше за Чикаго Булс, тоа се броевите 23 и 45, но тимот на Чикаго го пензионираше само легендарниот дрес со број 23.

Penzionirani-dresovi-vo-NBA (2).jpg

Интересно е дека овој број на дресот го пензионираше и тимот на Мајами Хит во знак на благодарност на Џордан, иако Мајкл Џордан никогаш не играл во тој тим. Ова беше прв дрес којшто го пензионира тимот на Мајами, а оттогаш тимот пензионира уште 4 други дресови.

Заедничко за тимовите на Мајами и Лос Анџелес Лејкерс е тоа што и двата тима го имаат пензионирано дресот на Шекил О’Нил бидејќи тој настапуваше и во двата тима додека играше во НБА. Лејкерси го пензионираа дресот со број 34, а Хит го пензионираа дресот со број 32.

Penzionirani-dresovi-vo-NBA (5).jpg

Тимот со најмногу пензионирани дресови во НБА е тимот на Бостон Селтикс. Тие имаат пензионирано дури 24 дресови. Единствени два тима коишто немаат пензионирано дрес до сега се Лос Анџелес Клиперс и Торонто рапторс, а Орландо Меџик имаат пензионирано само еден дрес и тоа во име на шестиот играч, публиката.

Penzionirani-dresovi-vo-NBA (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Никола Јокиќ изненаден - НБА ѕвезда носи јакна со вез како Св. Ѓорѓи ја убива ламјата, чини 20.000 д... Еден од највпечатливите моменти од кошаркарскиот All Star викенд, беше влегување...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Македонци истрчаа 400km од Љубљана до Задар во тимска трка: „Завршивме за 33 часа, најтешко е ноќе к... „Системот беше „штафетен“ - додека дел од екипата трча, другите одмораа во комбе...
Победниците не го добиваат оригиналниот трофеј, играчите не се платени од ФИФА: Факти за Светско што... Секој тим што се натпреварува добива солидна сума од ФИФА за подготовки и патува...
Пропаста на фудбалската легенда Марадона: Ја заврши кариерата поради дрога, умирал во агонија Диего Марадона почина од инфаркт, но последните денови од животот му биле ужасни...

Најчитани неделава