Каде отиде „класата“ од Ел Класико?

Постарите фудбалски навивачи (читај луѓе кои гледале фудбал пред појавата на Меси и Кристијано), со голема носталгија ќе се присетат на вистинските фудбалски надигрувања помеѓу Реал Мадрид и Барселона.

Каде-отиде-„класата“-од-Ел-Класико1.jpg

Овие два великана пружаа прекрасни натпревари на кои фудбалот и фудбалските мајстории беа во прв план, а валканата игра во последен.

За жал, денес со појавата на ривалството помеѓу двајцата, во моментов најдобри фудбалери во светот, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, и зголемената тензија помеѓу самите градови Мадрид и Барселона, вечното дерби се претвори во најлошиот фудбалски спектакл во светот.

Двата тима гледаат да победат по секоја цена, најчесто користејќи се со највалканите методи, и најодвратните „финти“. Наместо фудбалско надитрување и мајстории, денес гледаме глума, тепање и погрдни зборови. Наместо да се восхитуваме на две легенди кои даваат сѐ од себе, и кои се дискутабилно едни од најдобрите во историјата на фудбалот, ние се расправаме кој добил повеќе пенали, и кој за што добил црвен картон.

Последното убаво за очи Ел Класико ако добро се сеќавам, беше во далечната 2005. Сите се сеќаваат на стоечката овација која ја доби велемајсторот Роналдињо на Сантијаго Бернабеу. За домаќините тогаш настапија: Касиљас, Роберто Карлос, Елгера, Рамос, Салгадо, Гарсија, Бекам, Зидан, Раул, Роналдо и Робињо.

Кај гостите боите на Каталонците ги бранеа: Валдес, Ван Бронкхорст, Маркез, Пујол, Олегер, Едмилсон, Чави, Деко, Меси, Роналдињо и Ето. Натпреварот заврши 0:3 за Барса, и немаше љутиш. Победата беше заслужена, сите во публиката ја поздравија мајсторијата на Роналдињо. Немаше плукање по судиите, немаше глумење, немаше црвени картони и тепачки.

Оттогаш па наваму, не се случило да помине натпревар помеѓу овие две екипи без контроверзија, без плачење од тимовите и навивачите, и без лутење. „Уефалона“и „Уефадрид“ се имињата на двата тима, „Пеналдо“и „Пенси“се клучните играчи. Навивачите се плукаат и колнат. Судиите се главните ликови на секое дерби. Победникот се одлучува по добрата глума.

За жал, сите ние сме виновни за овој срам. Навивачите мора да почнат да гледаат фудбал, а не да додаваат масло во огнот. Играчите мора да научат да се почитуваат, и да се придржуваат до она „фер-плеј“ кое го проповедаат во рекламите на УЕФА. Судиите мора да разберат дека не треба тие да се во центарот на вниманието. Сѐ додека ова не се промени, никогаш нема да видиме добро Ел Класико.

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...
Се исцрпува до повраќање, многу операции: Мрачната страна позади скијачката кариера на Линдзи Вон Листата на нејзини повреди е огромна, од скршеници до скинати лигаменти и повред...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
Кристијано Роналдо за смртта на Диого Жота: „Бев со Џорџина кога дознав, плачев многу, но не се каам... Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) и неговиот брат Андре (26) загинаа во соо...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...

Најчитани неделава