12 причини зошто Роналдо е непобедлива фудбалска машина и совршен идол
- Детали
- среда, 13 јуни 2018
Португалецот со челична дисциплина и вонсериски талент за фудбал го воодушевува светот години наназад.

Роналдо е најголемото име на поле спорт глобално. Својата кариера ја започна уште од 14-годишна возраст и брзо се лансираше во ѕвездите, каде е со години.
Португалскиот фудбалер е познат по највисокото ниво на професионализам на и надвор од терените и е совршен идол на многу генерации низ целиот свет.
Од најмлади до најстари, зошто сите го обожаваат Роналдо:
Тој е харизматичен и одлично изгледа.

Не се плаши да направи „будала“ од себе и прифаќа шеги на негова сметка.

На 15 години имаше проблем со срцето, кој беше закана за неговата кариера и живот, но по една ризична операција одлично закрепна и оттогаш ни сервира неверојатна фудбалска игра.

Го сакаат во секој фудбалски клуб каде што оди.

Постигнува неверојатни резултати, а знае и да пушти солза ако изгуби значаен натпревар, особено за неговата родна Португалија.

Има совршена игра, која многумина ја нарекуваат поезија во движење.
Може да се спореди само со Меси, Зидан, Марадона и Пеле. Постигнува голови од огромна далечина, дури и со глава, знае како да се движи и неговата комплетна игра на теренот е нешто невидено.

Има постигнато огромен број на пенали, кои, иако технички изгледаат лесно, се огромна задача на психолошко ниво.

Знае да шутира на милион начини и голманот од спротивниот тим никогаш не знае со што може да се соочи.
