Сензација на Инстаграм: Кој е секси фудбалерот што ги освои женските срца? (фото)

Иако помина само триесет минути на теренот, тоа беше сосема доволно девојките пред малите екрани да полудат по него. Русокосиот исландски репрезентативец со манекенски изглед, молскавично ги покори и социјалните мрежи.

senzacija-na-instagram-koj-e-seksi-fudbalerot-shto-gi-osvoi-zhenskite-srca-foto-1.png

Рурик Гисласон (30) e фудбалер за кого малкумина знаеја пред Светското првенство во Русија. Меѓутоа, по половината час што ги одигра на натпреварот против Аргентина, исландскиот репрезентативец стана вистинска сензација на Инстаграм.

Иако кратко се задржа на теренот, девојките буквално полудеа по него. Со долгата коса и мускулестото тело, тој сосема да ја освои женската публика, мамејќи им воздишки на гледачките пред малите екрани. 

senzacija-na-instagram-koj-e-seksi-fudbalerot-shto-gi-osvoi-zhenskite-srca-foto-2.jpg

Посебна популарност стекна во Јужна Америка. Бразилската глумица Габриела Лопес ги запраша своите два милиони следбеници: „Како е можно да е толку сладок?“.

Аргентинската актерка Химена Акарди, пак, иако навиваше за противничкиот табор, сподели дека 40.000 нејзини фанови почнале да го следат профилот на Гисласон во рок од 30 минути.

senzacija-na-instagram-koj-e-seksi-fudbalerot-shto-gi-osvoi-zhenskite-srca-foto-3.jpg

Додека тие плакнеа очи, фудбалерот си го оствари детскиот сон - да ги брани боите на татковината на еден ваков голем настан.

Па, не ја криеше радоста под фотогафијата со Лео Меси: „Од моментот кога првпат шутнав топка, сон ми беше да ја претставувам мојата земја на Светско првенство. Ми се оствари во саботата и беше неверојатно искуство. 

Оттогаш, славата на русокосиот исландски убавец не престанува да расте. Преку ноќ доби 250.000 нови следбеници на Инстаграм, надминувајќи ја бројката на жители на Исланд.

Пред почетокот на натпреварот го следеа околу 30.000 корисници на социјалната мрежа. Моменталната цифра е над 700.000, a се очекува да биде уште поголема.

senzacija-na-instagram-koj-e-seksi-fudbalerot-shto-gi-osvoi-zhenskite-srca-foto-4.jpg

Поради маненкенскиот изглед, странските медиуми веќе го прогласија за секс симбол на СП 2018. Се согласувате ли? Погледнете ги фотките пред да го дадете конечниот суд:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
Натпреварот со Португалија на Европско ракометно првенство заврши нерешено Натпреварот почна и заврши тензично, а крајниот резултат беше 29:29. Нашите рако...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Мајка му го родила на 16, татко му собирал ѓубре од улица за да преживее - Што знаеме за Ламин Јамал... Пред да се роди Јамал, татко му работел секаква физичка работа, а собирал и ѓубр...

Најчитани неделава