7 фудбалери кои се и успешни бизнисмени

Фудбалот како професија, сам по себе е краткотрајна кариера, па така повеќето фудбалери уште додека играат, бараат начини надвор од фудбалот преку кои би се збогатиле доволно за времињата кои следат откако ќе ги закачат копачките. 

7-fudbaleri-koi-se-i-uspesni-biznismeni-01.jpg

Седумте најдобри бизнисмени во светот на фудбалот:

Андрес Иниеста

Легендарниот шпански фудбалер покажа дека има елеганција и класа како на терените, така и надвор од нив. Тој има своја винарија наречена Бодега Иниеста.

Всушност тоа е наследство од неговиот татко Хозе Антонио, кој бизнисот го започнал во својот роден град во 1999та. На почетокот тоа било мала локална фирма со скромни приходи, но сега, со помош на репутацијата која што ја има славниот фудбалер, овој бренд може да се најде низ цела Шпанија.

7-fudbaleri-koi-se-i-uspesni-biznismeni2.jpg

Рајан Бертранд

Фудбалерот на Саутемптон е прилично тивок надвор од фудбалскиот терен, меѓутоа, токму таму тој забележува солиден дел од своите приходи. Имено, Рајан Бертранд има фирма која нуди производи со вештачка интелигенција на трговци и инвеститори.

„Не сакав да стигнам до 30-тата година и да се запрашам „каде понатаму?“ Мислам дека имам добар бизнис тим со кој ќе имаме добар напредок највеќе во пазарот на технологијата.“ - вели тој.

Тој е исто така ко-сопственик на „FootiEmoji“ апликацијата заедно со поранешниот соиграч Џон Тери, со кој ја освои лигата на шампионите во сезоната 2011-12.

7-fudbaleri-koi-se-i-uspesni-biznismeni3.jpg

Кристијано Роналдо

Секако дека најдобриот играч на планетата има сопствен бизнис. Во моментов, тој сам по себе е бизнис, заработувајќи пари со самата негова појава. Во 2006-та, Роналдо го отвори својот прв моден бутик наречен „CR7“ во Мадеира, Португалија.

Две години подоцна, тој отвори уште еден во Лисабон, а оттогаш тој стигна до тоа да има свој ланец на долна облека и чорапи, како и линија на посебни маици и патики. Во моментов, тој е пуштен и во водите на хотелиерството.

7-fudbaleri-koi-se-i-uspesni-biznismeni4.jpg

Нејмар

Според Форбс, Нејмар е единствениот фудбалер кој заработува повеќе надвор од теренот отколку во него, а заработува прилично многу на теренот.

Тоа е главно поради неговите скапи договори за спонзорство со Nike, Gillette, Panasonic и Beats by Dre. Тој има сопствено лого, редовен е на рекламите, а дури и се појави во филмот „xXx Return of Xander Cage“.

7-fudbaleri-koi-se-i-uspesni-biznismeni5.jpg

Метју Фламини

Поранешниот играч на Арсенал е всушност неверојатен претприемач, на многу различен начин од Нејмар и Роналдо. Тој нема сопствен бренд, туку е партнер во GF Biochemicals, еколошка фирма која произведува левулинска киселина и деривати.

Како што пренесе еден британски весник пред две години, неговиот бизнис беше проценет на над 20 милијарди фунти.

„Бев близок до природата и загрижен за еколошките проблеми како што се глобалното затоплување и климатската промена“, вели тој.

Левулинската киселина е молекула која е идентификувана од Американскиот оддел за енергија како една од 12-те молекули со потенцијал да ја заменат нафтата во сите нејзини форми.

7-fudbaleri-koi-se-i-uspesni-biznismeni6.jpg

Златан Ибрахимович

Никој не е зачуден што токму Ибра се најде на оваа листа, со оглед на тоа што минатата година, тој го започна својот спортски бренд „A-Z“. Секако дека Z е за Златан.

Самиот тој е моделот за облеката, и покрај белегот на неговото десно колено од неодамнешната операција. Оваа година, тој имаше повеќе време, па создаде игра за мобилни телефони наречена „Zlatan Legends“.

7-fudbaleri-koi-se-i-uspesni-biznismeni7.jpg

Жерар Пике

Доколку мислевте дека Пике не може да биде повеќе успешен, се лажете. Покрај освојувањето на безброј трофеи со Барселона, светското и европското првенство со Шпанија, и бракот со Шакира, Пике покажа уште еден талент.

Тој е всушност многу добар покер играч. Тој е во првите 150 луѓе во Шпанија, и има заработено околу 94.000 фунти на турнири минатата година. Згора на тоа, тој е сопственик на гејминг компанијата „Kerad Games“, и поседува 27% од „Bas Alimentaria“.

7-fudbaleri-koi-se-i-uspesni-biznismeni8.jpg

 еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Договара повисока плата, вербално се пресметува заради него – Која е Фајза Ламари, мајката на Мбапе? Се кара со мајките на соиграчите на трибините, ги уценува клубовите за повисоки ...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg