Шампионот Паредес го предизвика локалниот победник на природните гребени на Неретва

Бранителот на титулата Џонатан Паредес од Мексико го поведе повеќекратниот победник во скокови од мостарскиот „Стари Мост“ на заедничка авантура, како вовед во претпоследното натпреварување од светската серија Red Bull Cliff Diving што ќе се одржи во Босна и Херцеговина на 8-ми септември.

shampionot-paredes-go-predizvika-lokalniot-pobednik-na-prirodnite-grebeni-na-neretva-1.jpg

Мостар (Босна и Херцеговина) - Тоа беше еден вид средба од највисок ранг кога шампионот на светската серија од Мексико, Џонатан Паредес, доби придружба од традиционалниот скокач од „Стари Мост“, Лоренс Листо, на гребените високо над реката Неретва, на околу 45 минути од стариот град Мостар. Во нивните специфични нуркачки стилови, прво со главата, и прво со нозете, спортистите се нурнаа во смарагдните води, со што и официјално започна претпоследната етапа на сезоната 2018. До крајот на овој месец ќе се знае и шампион. На „Стари Мост“ во Мостар, на Паредес ќе му биде потребен уште еден силен настап на местото на неговата прва победа во оваа серија за да остане во конкуренција за одбрана на титулата.

Нуркањето од „Стари Мост“ претставува вистинска обредна церемонија за генерации мажи од областа. На 425-тиот годишен натпревар на крајот од јули, Лоренс Листо победи по 12-ти пат, а тоа го направи со таканареченото „голтачко нуркање“ кое е типично за мостарските нуркачи. Потребна му е само уште една победа и ќе се изедначи со стариот рекорд на Емир Балиќ, локална легенда, кој има 13 победи на своето конто.

- Многу ми значи што нуркав со еден од овдешните херои. Овде, во Мостар, имаат многу долга традиција на нуркање, а мене ова ми беше првпат да нуркам заедно со некој, тој да скокне прво со глвата, а јас прво со нозете,- рече Мексиканецот кој поседува мајсторски стил, откако изнурна од студената река. - Возбудиво е што му го покажав на Лоренс мојот стил на нуркање пред да ни дозволат повторно да скокаме од мостот.

Иако локалните жители многу ја чуваат традицијата, за 29-годишниот Паредес се важни најсовремените нуркачки достигнувања од 27 метри над водата. Сложените нуркања и беспрекорната форма се клучни во борбата за врвот на табелата, особено затоа што англискиот рекордер Гери Хант ќе се обиде да направи хет-трик од победи во оваа неизвесна јубилејна сезона.

shampionot-paredes-go-predizvika-lokalniot-pobednik-na-prirodnite-grebeni-na-neretva-2.jpg

Досега во петте натпреварувања од „Стари Мост“, три за мажите и две за жените, ниеден од скокачите не ја повторил победата, а 34-годишниот Британец е посветен да го укине тоа ембарго и да си го одбрани успехот од 2017 година. Додека и Паредес и Хант ги имаат собрано ловориките во Босна и Херцеговина, врвниот ривал за титула и моментално првопласиран на табелата Стивен ЛоБуе од Америка допрва треба да ја заслужи таа чест.

Во женското првенство, битката за трофејот Кинх Кахели е уште потесна. Со Адријана Хименез од Мексико, двократната шампионка од Австралија, Ријана Ифланд и Канаѓанката Лисејн Ричардс која се врати триумфално, светската серија за жени има три победнички во исто толку натпреварувања од 21-метарската платформа. Досега изненадување во рангирањето приреди само натпреварувачката која влезе со вајлд-кард, Џесика Макалеј од Велика Британија, освојувајќи двапати место на подиумот.

Уште пет нови натпреварувачи со вајлд-кард во машката и женската серија природно ќе ја зголемат возбудата кај публиката од фанатици за овој спорт кога 24 елитни скокачки од карпи ќе се нурнат за слава, поени и карта за вечноста со скок од стариот мост.

Би можело да ве интересира:

Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...
Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина Грчкиот главен град Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Светската...
Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро Египетскиот главен град Каиро ќе биде домаќин на третиот турнир од Светската 1 П...
Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана Едно златно одличје и две бронзени освоија каратистите на „Макпетрол“ на Балканс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg