Скокачите од карпи го освоија и Рим пред големото финале на сезоната!

Бранителката на титулата Ријана Ифланд (Австралија) и локалниот херој Алесандро Де Росе ги разбранува водите во Рим, пред возбудливата двојна и никогаш досега толку изедначена пресметка во Полињано а Маре на 23 септември 2018.

skokacite-od-karpi-go-osvoija-i-rim-pred-golemoto-finale-na-sezonata-01.jpg

Со базиликата на Свети Петар во позадина, обиколени со ангели и преплавени од историја  - на овој начин Италијанецот Алесандро Де Росе и двократната шампионка Ријана Ифланд од Австралија ги доживеаја  раните утрински часови. Еден по друг тие скокнаа од древниот мост Понте Сант Анџело, или Мостот на ангелите, во срцето на Рим, пред да се упатат на југ, кон Полињано а Маре, каде што и двајцата триумфираа минатата година. Додека Де Росе е возбуден што се враќа на местото на својот дебитантски настап, Ифланд сака да постигне хет-трик во женскиот шампионат и да стане најуспешната жена во светската серија Red Bull Cliff Diving до денес.

- Кога ќе помислам на Полињано се уште се ежам. Се чувствувам возбудено и горд сум на себе,- изјави Де Роси, првиот Италијанец во светската серија. - Но, скоковите од овој мост, веднаш до дворецот Сант Анџело, во мојот главен град е голема чест за мене. Тоа е навистина посебно и чувството е прекрасно.

Изграден меѓу 133 и 134 година од нашата ера од императорот Хадриан, мостот го поврзува Вечниот град со базиликата Свети Петар во Ватикан и се смета за еден од најубавите мостови во светот до денес. Неговата конструкција, симетрија, отвореност кон светлината и совршено растојание меѓу лаковите и површината на водата го прават навистина уникатен. Врвно достигнување на оваа конструкција се статуите на ангелите кои се извишуваат од мермерните парапети, кои како да ја врамуваат реката додека таа тече, и се гледаат низ елегантните решетки од ковано железо.

skokacite-od-karpi-go-osvoija-i-rim-pred-golemoto-finale-na-sezonata-02.jpg

- Се беше како нестварно додека стоев таму и го гледав градот со базиликата Свети Петар во заднина. Вакво искуство се доживува еднаш во животот. Ретко кој може да каже да нуркал пред нешто толку претставително за овој град,- опиша двократната шампионка Ифланд, која има голема шанса да направи хет-трик со севкупна победа овој викенд. - Го сакам Полињано а Маре, тоа е важен натпревар. Дојде моментот да се вложи се. Немам што да изгубам.

Во оваа јубилејна сезона, тројца мажи и три жени се уште се во конкуренција за титула во скокови од 27 метри и 21 метар, а двајцата шампиони ќе излезат од водите на Јадранско море во малото крајбрежно гратче, каде куќите се издигаат од карпите.

Само 20 поени ги делат првите двајца кај мажите и кај жените во борбата за „Трофејот на Крал Кахекили“, откако Англичанецот Гари Хант и Мексиканката Адријана Хименез беа подобри од Стивен ЛоБуе (САД) и Ријана Ифланд (Австралија) на претпоследната станица во Мостар. Борбата никогаш не била толку изедначена, па илјадници ревносни навивачи се очекува да ја подгреат атмосферата кога спортистите ќе се подготват да скокнат од платформите изградени на приватен балкон.

skokacite-od-karpi-go-osvoija-i-rim-pred-golemoto-finale-na-sezonata-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонското знаме повторно ќе се вее на врвот: Европскиот шампион Петар Мијалков ги стартуваше подг... По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана апсолутен ...
Скијачка запросена пред илјадници луѓе на Олимпијада - Освои злато, па доби свршенички прстен Прво запросување на Олимпијадата 2026 - кога освојувачката на златен медал Бризи...
Роналдо облече дрес на починатиот Диого Жота и му ја посвети победата над Хрватска – со Лука Модриќ ... На последниот танц на Модриќ и Роналдо, откако синоќа Португалија извојува побед...
Ѝ го посвети првиот гол на Светско, таа јавно му изјави љубов - Која е девојката на Ламин Јамал, со ... „Го познавам Ламин многу подолго од овие неколку месеци. Не се баш три години, н...
Историја за македонскиот фудбал - F7 репрезентацијата ќе учествува на престижен турнир во Италија, Г... На официјална покана од претседателот на FIF7 Европа, Calcio 7 и Calcio 8 Italia...
Го криеле под кревет во Втора светска војна, 2 пати е украден: Лудата историја на првиот трофеј за С... Денес никој не знае каде е првиот трофеј што го добивале победниците на Светскот...

Најчитани неделава