Како изгледала историјата на женскиот фудбал?

Како и кај машкиот фудбал, така и почетоците на женскиот фудбал се одвивале во Кина, во 3-та година п.н.е. каде се играла игра слична на денешниот фудбал. Според пишувањето на еден кинески историски весник, фудбалот во почетокот бил игра помеѓу индивидуи, но во времето на династијата Танг (618.-907.) почнал да личи на денешниот фудбал.

Kako izgledala istorijata na zenskiot fudbal 01

„Златното доба“ на женскиот фудбалот било времето на династијата Минг, помеѓу 1368 и 1644, кога постоеле професионални женски играчи. Но во текот на историјата, женскиот фудбал едноставно исчезнал.

Во Европа првите почетоци на женскиот фудбал се забележани во Англија. Прв женски натпревар се случил во 1881 година во Единбург, помеѓу Шкотска и Велика Британија.

За жал, на самиот почеток, како и подоцна, женскиот фудбал не наиде на одобрување, а фудбалерките биле често изложувани на разни критики во англиските медиуми.

После овој натпревар бил организиран уште еден натпревар во Глазгов, на кој избиле нереди за време на натпреварот, па морала да интервенира и полиција. Поради овие чести откажувања на натпревари јавноста сметала дека женскиот фудбал нема да преживее.

Женскиот фудбал стигнал и до Лондон, во 1894 година бил основан првиот женски клуб „British Ladies‘ Football Club“. Основачот на клубот била Нети Ханибол, која, меѓу другото, била борец за женски права.

Kako izgledala istorijata na zenskiot fudbal 02

Прв официјален женски фудбалски натпревар во Лондон бил одигран на 23 март, 1895 година, помеѓу клубовите Север и Југ. После натпреварот екипите на Север и Југ го популаризираат женска фудбал, а до 1921 година во Англија се основаат околу 30 клубови, кои учествуваат во разни натпревари.

Фудбалскиот сојуз потоа донесува одлука дека женскиот фудбал им штети на угледот, па женските клубови губат право да ги користат фудбалските игралишта. Поради оваа забрана женскиот фудбал започнува да се игра на рагби игралишта.

Kako izgledala istorijata na zenskiot fudbal 03

Паралелно со развојот на фудбалот во Англија, канадските женски фудбалски тимови доаѓаат во Англија да играат натпревари. Во САД, женскиот фудбал започнува да се игра кон средината на 20-тиот век. Потоа се основаат женски фудбалски лиги во Италија и Франција.

После  Втора светска војна женскиот фудбал започнува да се игра во Норвешка, Шведска и Германија. Норвешка, Шведска и Германија и денес се предводници во организацијата на женскиот фудбал во Европа и светот.

Kako izgledala istorijata na zenskiot fudbal 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Договара повисока плата, вербално се пресметува заради него – Која е Фајза Ламари, мајката на Мбапе? Се кара со мајките на соиграчите на трибините, ги уценува клубовите за повисоки ...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Нема приватен авион, кога може се вози со велосипед на турнири – На што ги троши Новак Ѓоковиќ парит... Има колекција од скапи автомобили, но кога може, на натпреварите оди со велосипе...
Златан Ибрахимовиќ со солзи во очите се пензионира од фудбалот, сопругата ја брише размачканата шмин... „Кога се разбудив утрово и видов дека врне си помислив: ‘Дури и Бог тагува’“ – р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg