Шампионот во уметничко лизгање Селдо вечер се натпреварува за Македонија


Шампионот во уметничко лизгање Селдо вечер се натпреварува за Македонија

Петнаесетгодишниот Селдин Салиу денес живее во Италија, но дури да наполни 6 месеци, тој и неговите родители живееле во Ростуша.

shampionot-za-umetnichko-lizganje-seldu-vecher-se-natprevaruva-za-makedonija-01.jpg

Ова младо момче е можеби единственото дете со македонско потекло, кое професионално се натпреварува во уметничко лизгање.

Селдин, или Селдо, како што го знаат неговите најблиски, има учествувано на дури 44 натпревари, а првото место го освоил 18 пати.

shampionot-za-umetnichko-lizganje-seldu-vecher-se-natprevaruva-za-makedonija-02.jpg

Вечерва во Италија, Селдо за прв пат ќе се натпреварува за Македонија и бил навистина среќен за тоа.

Неговите родители се горди на него, најмногу бидејќи ги помнат скромните почетоци.

Селдо почнал со уметничко лизгање на 5 и пол години. Вo неговата градинка имало организирано краток курс за лизгање, а тој веднаш се вљубил во спортот.

shampionot-za-umetnichko-lizganje-seldu-vecher-se-natprevaruva-za-makedonija-03.jpg

Татко му вели дека уметничкото лизгање е чест спорт во северна Италија, каде што живеат, но дека повеќе се натпреваруваат женски отколку машки.

Селдо е едно од ретките момчиња кои одбрале професионално да се занимаваат со уметничко лизгање.

Според Селдо, лизгањето не е само спорт и забава, туку и уметност. Неговиот сон е да стане светски шампион, а секој ден едвај чекал да заврши со училиште за да оди да лизга.

shampionot-za-umetnichko-lizganje-seldu-vecher-se-natprevaruva-za-makedonija-04.jpg

За жал, во 2018-та година, талентираното момче морало да направи пауза, поради здравствени проблеми. Но оваа година, тој се вратил подобар од кога било.

Од нашата Федерација за лизгачки спортови се особено горди што оваа година, Селдо е дел од нивната репрезентација.

Селдо, пак, се надева дека ќе има успешен настап и сака еден ден да ја претставува Македонија на Олимписките игри.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15-годишниот Селдо го освои второто место за Македонија на купот по уметничко лизгање во Италија Селдин Салиу првпат се натпреваруваше за нашата земја во уметничко лизгање и на ...
Силченко и Ричард ги прекинаа победничките серии на фаворитите Рускиот шампион победи на натпреварот во машка, а Канаѓанката Ричард во женска к...
Хант и Ифланд ги зграбија трофеите во возбудливото финале! Британецот Гери Хант ја освои рекордната седма титула во светската серија Red Bu...

Најчитани неделава