10 екстремни спортови кои ќе ги воодушеват адреналинските зависници

Екстремен спорт е поим кој се користи да го опише спортот кој бара значителна вештина и физичка способност, додека сте изложени на вистинска опасност и можност од сериозни физички повреди. 

10-ekstremni-sportovi-koi-kje-gi-voodushevat-adrenalinskite-zavisnici 01 630x340.jpg

Учесниците во овие спортови се адреналински зависници на кои им е веќе здодевно да се занимаваат или натпреваруваат во секојдневни спортови коишто нема да го забрзаат нивниот пулс.

Во продолжение ви претставуваме 10 екстремни спортови кои не секој е спремен да ги искуси: 

1. Бордање по вулкански падини 

Овој спорт дефинитивно не е препорачлив за лица со слабо срце.

Можни повреди при овој спорт се да паднете или да се исечете од вулкански камен, да вдишете отворен гас или едноставно да ве погоди летечка лава.

Најпопуларно место за овој спорт е активниот вулкан Черо Негро во Никарагва.

;

2. Планински спуст со велосипед 

Планинскиот спуст со велосипед е спорт кој сигурно ќе ви ја замрзне крвта.

За овој спорт задолжително е да поседувате посебен велосипед кој е адаптиран за овој тип на спорт.

Планинскиот спуст вклучува спуст низ карпест предел, каде што една грешка може да биде фатална.

Доколку патот ве однесе во Боливија, а сте адреналински зависник, пробајте спуст по таканаречената патека „Патот на смртта”.

;

3. Нуркање во пештери 

Нуркање во океанските длабочини е екстремен спорт, но дали може да замислите како изгледа да нуркате во дупка исполнета со вода и да истражувате цел еден систем од пештери украсени од неверојатни сталактити?

Предлог место за овој спорт: полуостровот Јутакатан во Мексико ги содржи најголемиот број на таканаречени ценоти, кои претставуваат дупки исполнети со вода.

;

4. Хеликоптерско скијање или бордање 

Овој спорт претставува спуст по необележани стази на кои единствено може да стигнете со хеликоптер.

Бидејќи во цела Европа овој спорт е забранет, хеликоптерско скијање или бордање е многу популарно во Северна Америка или во Нов Зеланд.

;

5. Лебдење по бранови 

Лебдење по бранови е спорт кој користи елементи од сурфање, возење скејтборд, сноубординг и други слични спортови.

Овој спорт всушност претставува сурфање по вештачки бранови. Особено е популарен во Калифорнија, Колорадо и Даблин.

;

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Македонци истрчаа 400km од Љубљана до Задар во тимска трка: „Завршивме за 33 часа, најтешко е ноќе к... „Системот беше „штафетен“ - додека дел од екипата трча, другите одмораа во комбе...
Се исцрпува до повраќање, многу операции: Мрачната страна позади скијачката кариера на Линдзи Вон Листата на нејзини повреди е огромна, од скршеници до скинати лигаменти и повред...
ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...
„Ме силуваа 2 недели пред да освојам злато во Пекинг“ - Параолимпијка откри зошто се парализирала пр... „Однадвор бев успешна спортистка која освојува сè што може да се замисли, но збо...
Топ 10 најзгодни спортистки на Зимските олимписки игри 2026 На врвот убедливо е најзгодната лизгачка Јута Лердам, но тука е и скијачката Ејл...

Најчитани неделава