Срцепарателни објави на познатите личности во чест на кошаркарскиот великан Коби Брајант и неговата ќеркичка Џиџи

26.01.2020 година, датумот кога целиот светот „потона“ во тага поради загубата на една од најголемите кошаркарски легенди на сите времиња. 

Srceparatelni-objavi-na-poznatite-lichnosti-vo-chest-na-kosharkarskiot-velikan-Kobi-Brajant-i-negovata-kjerki 01 630x340.jpg

На 41 година, Коби загина при пад на неговиот приватен хеликоптер во Калифорнија, а трагедијата се зголеми со информацијата дека негова придружба била неговата 13-годишна ќерка Џиана (Џиџи), која исто така го загуби својот живот. Болката е неопислива.

Освен фактот дека станува збор за еден од најдобрите кошаркарски великани, Коби Брајант меѓу луѓето е познат како „човек со огромно срце“ и еден од најголемите хуманитарци.

Социјалните мрежи се „преплавија“ со разни споделувања, пораки и фотографии во чест на Коби и неговата ќеркичка, од страна на неговите соиграчи, неговите најголеми обожаватели, како и познатите ѕвезди кои навистина тешко ја прифатија загубата на овој голем човек.

Неговите живот и дело никогаш нема да бидат заборавени, бидејќи хероите доаѓаат и си одат, но легендите живеат засекогаш.

Во продолжение ви издвојуваме неколку од срцепарателните објави на познатите личности:

Дејвид Бекам 

„Ми требаа часови за да смислам што да напишам и уште, моите зборови не се доволни за да објаснам како се чувствувам за загубата на Коби.“

Џенифер Лопез

„Сите чувствуваме тага од оваа загуба, но она на што можам да мислам сега е дека тоа е зрно песок во споредба на она низ што Ванеса мора да помине сега.“

https://www.instagram.com/p/B7zi7tBJcIv/?fbclid=IwAR05gcg6JGKlLaUnGP0jf3VhS729UyiUcAuy18hpjwFSPeDCSdVaB0znvLE

Мајкл Џордан

„Мамба засекогаш.“

;

Ким Кардашијан

„Плачам со самата помисла. Се молам за семејството Брајант, семејството Алтобели и семејствата на сите жртви кои загинаа во оваа незамислива трагедија. Почивај во мир, легендо.“

Новак Ѓоковиќ

„Нека Бог ве благослови тебе и твојата Џиана. Ти благодарам што беше тука за мене и за тоа што го инспирираше целиот свет.

Ти благодарам што ни покажа на сите спортисти како да се натпреваруваме и да го почитуваме спортот. Ти благодарам за најголемото наследство што го остави позади себе.

Никогаш нема да ја заборавам твојата насмевка и ширењето позитивна енергија каде и да отидеше. Ти и твојата ќерка засекогаш ќе живеете во нашите срца.“

Шекил О'Нил

„Нема зборови кои можат да ја искажат болката низ која минувам сега со овој трагичен и тажен момент на губење на мoјата внука Џиџи и мојот пријател, мојот брат, мојот партнер во освојување на првенства, моето другарче, мојата фамилија.“

Кристијано Роналдо

„Толку е жално да се слушнат срцепарателните вести за смртта на Коби и неговата ќерка Џиана. Коби беше вистинска легенда и инспирација за толку многу луѓе.“

Џастин Бибер

„Не може да е точно. Ти секогаш ме охрабруваше Мамба. Ми ги даде најдобрите досетки на кои до ден-денес се смеевме. Те сакам човеку!“

Џиџи Хадид

„Ова е премногу. Одморете се во мир и љубов заедно, легенди.“

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
„За мојот народ“ - Македонецот Горјан Славески е новиот светски шампион во борби без ракавици Македонскиот боксер Горјан Гого Славески е новиот светски шампион во борби без р...
За него го оставила шекот со кого била верена: Љубовната приказна на Мирка и Роџер Федерер „Тогаш ја запознав светлината на својот живот, жена за која би одел на Месечинат...
Златан Ибрахимовиќ купи црква, Дидие Дрогба – рудник за злато: Како фудбалерите ги трошат милионите? Кристијано Роналдо сака скапи автомобили и часовници, Вејн Руни има страст за ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg