Nike ја повлече опремата со брендот на Коби, Лука Дончиќ носеше негови патики со испишани имиња на жртвите

Производителот на спортска опрема Nike, ја повлече целата опрема од брендот на Коби Брајант од својата он-лајн продавница, ден по смртта на кошаркарската икона.

Nike-gi-povlece-patikite-na-Kobe-01.jpg

Кога ќе отидете на веб-страницата на Nike во секцијата со заштитен знак на Коби Брајант, ќе бидете пренесени на обична секција со редовните Nike производи.

Доколку во пребарувачот на сајтот внесете „Kobe“ ќе ви биде прикажана само картичка за подарок со тема од Лос Анџелес Лејкерс, додека пребарување со зборовите „Kobe Bryant“ ќе ве однесе до изјавата на Nike во врска со неговата смрт.

Компанијата потврди дека решиле да ги повлечат сите производи додека не решат која ќе биде понатамошната стратегија во однос на опремата со брендот на Коби Брајант.

Дел од стратегијата е да се лимитираат препродавачите, односно нивната способност да натрупаат роба со брендот на Коби, која подоцна би ја продавале поскапо.

Nike-gi-povlece-patikite-na-Kobe-02.jpg

Линијата патики од Nike со брендот на Коби е многу популарна помеѓу НБА играчите, а Брајант беше многу активен и вклучен во дизајнот на неговите патики.

Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ носеше модел од патиките со брендот на Коби Брајант на мечот веднаш по смртта на кошаркарската икона.

На патиките ги имаше испишано имињата на сите жртви во хеликоптерската несреќа во која загинаа и Коби со ќерката Џиана.

?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1221947716252643329&ref_url=https%3A%2F%2Fclutchpoints.com%2Fmavs-news-luka-doncic-honors-kobe-bryant-helicopter-crash-victims%2F

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Кристијано Роналдо за смртта на Диого Жота: „Бев со Џорџина кога дознав, плачев многу, но не се каам... Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) и неговиот брат Андре (26) загинаа во соо...
Најзгодната олимпијка за својата голгота: „Ме критикуваа за шминката, ме осудуваа, но не сакав да се... „Овој момент докажува дека не мора да бидете помалку свои за да постигнете нешто...
Даниела Алексовска и Марко Трајановски доминираа пред домашната публика во Скопје! Синоќа, на 14.09, Македонија беше сведок на најголемиот ММА спектакл – Арммадa 1...
Историја за македонскиот фудбал - F7 репрезентацијата ќе учествува на престижен турнир во Италија, Г... На официјална покана од претседателот на FIF7 Европа, Calcio 7 и Calcio 8 Italia...
Најдобриот NBA играч во моментов, носеше патики од Сатја Грабулоски - Македонски шмек на All Star ви... „Да соработуваш со еден од најдобрите светски кошаркари во моментот е уживање - ...

Најчитани неделава