РЕХАУ ги охрабрува ракометните и спортските вредности во Македонија, преку деловен модел

За време на своето дведецениско присуство во Македонија, РЕХАУ успева да создаде сигурна свесност за бредот и одлично да ги постави своите производи на пазарот, истовремено работејќи со сигурни и одржливи компании.

rehau-gi-ohrabruva-rakometnite-i-sportskite-vrednosti-vo-makedonija-preku-deloven-model-01.jpeg

Една од најголемите градежни компании и силен партнер на РЕХАУ, компанијата  Голден Арт, во соработка со нашата спортска легенда, Кирил Лазаров го формираше ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 и на тој начин дополнително го поддржа развојот на еден успешен спортски проект, школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“, која има свои секции во дванаесет градови низ државата и во која под мотото „Ракомет за секое дете“ едуцира и тренира над 1000 момчиња и девојчиња на возраст од 6-16 години.  Така, дополнително се поттикнува љубовта на младите кон ракометот и спортот воопшто и се анимираат голем број на млади личности во нашата земја, да го практикуваат истиот.

rehau-gi-ohrabruva-rakometnite-i-sportskite-vrednosti-vo-makedonija-preku-deloven-model02.jpeg

Благодарение на успешната соработка со Голден Арт, РЕХАУ стана силен и влијателен поддржувач на ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 и воопшто ракометот во Македонија, активно учествувајќи во градење на вистинските вредности кај младите во нашата држава и превземајќи долгорочна општествена одговорност.

Како резултат на сериозната работа, професионалност и посветеност, клубот покажува одлични резултати, како во младинските категории, каде минатата беше неприкосновен, така и во сениорската конкуренција со пласманот во супер лигата од оваа сезона.

„Горди сме на нашата соработка со Голден Арт, резултатите и иницијативите што ги остваруваме заедно и фактот дека ги поддржуваме младите, како и сите оние кои се упорни, вредни и дисциплинирани во нивниот развој. Спортот е вткаен во секоја пора на нашето општество. Тоа е моќно оружје за градење вистински, здрави вредности, спортски принципи и филозофии кај младите, како што се фер игра, морален карактер и взаемно почитување, без оглед на расата, религијата, полот и нацијата.

rehau-gi-ohrabruva-rakometnite-i-sportskite-vrednosti-vo-makedonija-preku-deloven-model03.jpeg

Ние ќе продолжиме да ја пренесуваме пораката за значењето на спортот во одржување на здравиот дух и формирањето на здрави навики кај младите со поддржување на истиот, со крајна цел, преку правилен развој на нашите деца, Македонија да стане подобро место за живеење со поздрави и посилни луѓе“, рече Сашко Даев, директор на РЕХАУ Македонија, Косово и Албанија.

„Соработката со РЕХАУ се одвива на највисоко можно ниво. Во становите кои ги гради Голден Арт, прозорците се изработени од висококвалитетниот прозорски профил ГЕНЕО од РЕХАУ, а воедно се вградени и системи за грееење и водовод од РЕХАУ. За потенцијалните купувачи и сите заинтересирани граѓани, во просториите на Голден Арт, редовно се одржуваат работилници, на кои се изведуваат презентации за вградените производи, од страна на стручни лица од РЕХАУ, со цел да се одговори на сите можни прашања. Токму затоа, уште поголемо задоволство ми претставува, што нашата соработка ја негуваме и растеме понатаму во насока на општо добро, со подршка на спортската икона Кирил Лазаров и проектот кој со него го водиме последниве години – ракометниот клуб Голден Арт КЛ7.

Најдобрите треба да се тука за пример, да покажат што е професионалност и визија. Да работат за заеднички раст и развој, а не за поеднични цели и придобивки. Се надевам дека и во годините кои доаѓаат оваа соработка ќе ја зајакнеме уште повеќе и дека и понатаму ќе бидеме пример за тоа како треба да работат општествено одговорни компании кои се лидери во својата дејност”, изјави Ивица Јакимовски, генералниот директор на градежната компанија Голден Арт.

Би можело да ве интересира:

Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...
Перо Антиќ се врати во Атланта: Во клубот го пречекаа како ѕвезда, се дружеше со Богдан Богдановиќ „Перо - македонската мамба“, напишаа фановите Перо Антиќ на официјалната Инстагр...
Златан Ибрахимовиќ со солзи во очите се пензионира од фудбалот, сопругата ја брише размачканата шмин... „Кога се разбудив утрово и видов дека врне си помислив: ‘Дури и Бог тагува’“ – р...
Шаховскиот клуб АЛКАЛОИД ќе учествува на Светскиот сениорски екипен шампионат за ветерани за 2023 го... Најсилното шаховско натпреварување за сениори/ветерани во светот, чија организац...
Браво! Бодибилдерката Мери Акиевска трета година по ред ѝ донесе злато на Македонија (видео) „По третпат успеваме заедно да ја одбраниме оваа преголема титула“ – порача на И...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg