На 60-годишна возраст почина фудбалската легенда Диего Марадона од инфаркт

Аргентинските и неколку светски медиуми известуваат дека поранешниот фудбалер Диего Марадона починал од инфаркт. Наводно, 60-годишниот Марадона доживеал инфаркт две недели после операција на мозокот.

na-60-godishna-vozrast-pochina-fudbalskata-legenda-diego-maradona-od-infarkt-01.jpg

Фудбалерот ја напуштил болницата на 11-ти ноември. Една недела претходно, тој бил хоспитализиран и му била направена операција на мозокот, пренесуваат аргентинските медиуми.

Според BBC, после операцијата Диего требало да добива и помош за зависност од алкохол.

Вестите ги пренесе и Аргентинската фудбалска асоцијација, искажувајќи жалост за смртта на нивната легенда.

Претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез, изјави дека ќе има тридневна жалост, а на Twitter го покажа неговото сочувство:

„Нè однесе на врвот. Нè направи многу среќни. Ти беше најдобриот. Ти благодариме што постоеше, Диего. Ќе ни недостасуваш на сите“.

Марадона играше за Barcelona и Napoli, а за Аргентина играше на четири Светски првенства.

Фудбалерот имаше проблеми со зависност од кокаин и во 1991 доби забрана за играње која траеше 15 месеци. Марадона се пензионира во 1997-ма, на неговиот 37-ми роденден.

Диего Марадона беше еден од најдобрите фудбалери од негово време, а победата на Светското првенство во 1986-та е можеби неговото најголемо достигнување во кариерата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пропаста на фудбалската легенда Марадона: Ја заврши кариерата поради дрога, умирал во агонија Диего Марадона почина од инфаркт, но последните денови од животот му биле ужасни...
Во сообраќајка загина фудбалерот Диого Жота (28), две недели по свадбата со љубовта од детството До несреќата, наводно, дошло поради пукање на гума на возилото, по што тоа излет...
Протекоа скандалозни снимки од забави на фудбалери со ескорт девојки во Италија - присуствувал и Ибр... Контроверзниот италијански бизнисмен, Фабрицио Корона, познат и како „кралот на ...
ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула! Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот ост...
Кристијано Роналдо за смртта на Диого Жота: „Бев со Џорџина кога дознав, плачев многу, но не се каам... Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) и неговиот брат Андре (26) загинаа во соо...
Детали за трагичната смрт на Диого Жота: „Не беше пијан, тргна со автомобил бидејќи не смееше да лет... По трагичната смрт на Диого Жота, се огласи неговиот лекар кој откри дека фудбал...

Најчитани неделава