Одржан Меѓународен балкански турнир во стрелаштво со учество на над 100 спортисти од 7 балкански земји

Во организација на Фондацијата за стрелаштво и Институтот Јунус Емре од Турција, на 17 и 18 маj во Арабати Баба Теќе во Тетово, со спонзорство на Халкбанк АД Скопје, се одржа турнир во традиционално стрелаштво - Меѓународен балкански Куп, во кој учество зедоа над 100 спортисти од 7 балкански земји - Албанија, Северна Македонија, Хрватска, Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

odrzhan-megjunaroden-balkanski-turnir-vo-strelashtvo-so-uchestvo-na-nad-100-sportisti-od-7-balkanski-zemji-01.jpg

На церемонијалниот дел на Турнирот, официјално обраќање имаше и главниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје, Билал Суџубаши, кој истакна дека Халкбанк како поддржувач на спортот и на традицијата, со задоволство го поддржува овој Балкански турнир во стрелаштво.

Фондацијата за стрелаштво Окчулар (стрелци) работи на разбирање на спортот на предците, особено на стрелаштвото, и негово поврзување со националните, историски, спортски, уметнички, културни и образовни квалитети, како и негово усвојување како културна свест. Фондацијата исто така настојува да ги едуцира и да ги поддржува финансиски и морално спортистите.

odrzhan-megjunaroden-balkanski-turnir-vo-strelashtvo-so-uchestvo-na-nad-100-sportisti-od-7-balkanski-zemji-02.jpg

„Теќето во Тетово има многу важно значење во однос на нашата заедничка историја. Оттаму и идејата за организирање турнир за традиционално стрелаштво во кој учество ќе земат претставници од сите земји од балканскиот регион, токму тука во Тетово“, изјавија од Фондацијата.

Најдобрите натпреварувачи добија можност да учествуваат на 9-тиот Меѓународен Фетих Турнир, еден од најпрестижните меѓународни натпревари по традиционално стрелаштво, кој ќе се одржи од 26 до 29 мај во Истанбул по повод одбележувањето на годишнината од освојувањето на Истанбул.

odrzhan-megjunaroden-balkanski-turnir-vo-strelashtvo-so-uchestvo-na-nad-100-sportisti-od-7-balkanski-zemji-03.jpg

odrzhan-megjunaroden-balkanski-turnir-vo-strelashtvo-so-uchestvo-na-nad-100-sportisti-od-7-balkanski-zemji-04.jpg

odrzhan-megjunaroden-balkanski-turnir-vo-strelashtvo-so-uchestvo-na-nad-100-sportisti-od-7-balkanski-zemji-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Мајка му го родила на 16, татко му собирал ѓубре од улица за да преживее - Што знаеме за Ламин Јамал... Пред да се роди Јамал, татко му работел секаква физичка работа, а собирал и ѓубр...
Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
ЕМОФ Скопје 2025 свечено затворен: Европа обединета преку спортот, солидарноста и пријателството На ден како 26 јули – кога пред 62 години сите европски земји се обединија во по...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, пливачот Евгениј Поп Ацев спортист н... Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослободувањето на градот Скопје,...

Најчитани неделава