По секој меч го носеше дресот на Коби, има барбика со нејзин лик – Факти за Наоми Осака + зошто си замина од Ролан Гарос?

Деновиве спортската јавност ги следи случувањата поврзани со втората тенисерка во светот Наоми Осака, откако таа одлучи да се повлече од грен-слем турнирот Ролан Гарос. 

po-sekoj-mech-go-noseshe-dresot-na-kobi-ima-barbika-so-nejzin-lik-fakti-za-naomi-osaka-zoshto-si-zamina-od-rolan-garos-01.jpg

Претходно тенисерката побара да ѝ биде одобрено да не говори на прес-конференциите по натпреварите за да го заштити сопственото ментално здравје, што беше одбиено, а по ова откако ѝ се заканија со дисквалификација, тенисерката одлучи самата да се повлече.

Се откажа од турнирот поради здравствени причини

Во твитот со којшто го најави овој чекор, Осака исто така нагласи дека „претрпела долги периоди на депресија“ откако за првпат победила на гренд-слем турнирот во 2018-тата. Таа во дел од изјавите откри повеќе факти за себеси како личност, но и за предизвиците со коишто се соочува.

„Не сакав да го одземам вниманието и прифаќам дека тајмингот не беше идеален и дека мојата порака можеше да биде појасна. Уште поважно никогаш не би го тривијализирала менталното здравје или би го употребила терминот непотребно.

Вистината е дека страдав од депресија уште од US Open во 2018-тата и навистина ми беше тешко да се справам со тоа.
Сите што ме познаваат знаат дека сум интроверт и сите што ме виделе на турнири ќе забележат дека често носам слушалки што ми помагаат да ја смирам анксиозноста.

Иако новинарите (за тенис) секогаш биле љубезни со мене (и сакам да им се извинам на сите добри новинари што можеби сум ги повредила), јас не сум природен јавен говорител и имам големи напади на анксиозност пред да говорам пред светските медиуми.

Станувам мошне нервозна и стресно ми е да се вклучувам и да ви ги дадам најдобрите одговори што можам“ - се вели меѓу другото во објавата на Осака.

Таа за крај нагласи дека ќе земе одмор од теренот, но дека кога времето ќе биде вистинско за тоа ќе се вклучи во дискусии за тоа како да се подобрат нештата за играчите, новинарите, но и за обожавателите на спортот.

Во продолжение неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле за светски познатата тенисерка:

Настапува под јапонското знаме, а всушност во САД се преселила на 3 години

Наоми Осака е јапонска тенисерка и игра за Јапонија, но таа живеела и тренирала во САД уште кога имала 3 години. Нејзината мајка е од Јапонија, а татко ѝ е од Хаити, па така таа знае  англиски и малку јапонски и креолски. 

По секој меч го носеше дресот на Коби Брајант

Еден од најважните ментори за јапонската тенисерка е токму прерано починатата NBA ѕвезда Коби Брајант. Во негова чест, тенисерката по секој меч го носеше дресот на Коби за време на US Open во 2021. Таа веруваше дека тоа ѝ дава сила секогаш.

Наоми Осака беше забележана и годинава на Australian Open како пред натпреварот со Серена Вилијамс носеше дрес од „Лејкерс“.

Povlechenata-devojka-po-sekoj-mech-go-nosese-dresot-na-Kobi-Brajant-a-vo-slobodnoto-vreme-e-gejmer-koja-e-naomi-osaka-i-zoshto-se-zamina-od-rolan-garos-02.jpg

Кога не игра тенис, таа е гејмер

Слично како и другите 22-годишни млади, така и светски познатата тенисерка е вљубена во играњето игри. Таа често говори за тоа дека е гејмер.

Во едно интервју за GQ откри дека откако ги поминала вообичаените четири часа тренинг во Evert Tennis Academy, поминала уште четири часа играјќи Overwatch со сестра ѝ Мери.

Инаку, тоа не е нејзината омилена игра, ако ве интересира, младата тенисерка обожава да игра Skyrim.

Има барбика со нејзиниот лик

Во 2019-тата Barbie објави линија кукли посветени на неколку извонредни жени, меѓу кои и Наоми Осака. Во објава на Инстаграм, Осака кажа дека искуството е неверојатно затоа што и самата таа си играла со барбики кога била мала, но ѝ било чест да „помогне да се инспирира идната генерација девојчиња“.

Povlechenata-devojka-po-sekoj-mech-go-nosese-dresot-na-Kobi-Brajant-a-vo-slobodnoto-vreme-e-gejmer-koja-e-naomi-osaka-i-zoshto-se-zamina-od-rolan-garos-03.jpg

Во продолжение повеќе фотографии и видеа од неа:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Дејвид Бекам ја „извиси“ Викторија при гушкање за голот на Англија - таа вештачки глуми и го гали до... По голот на Англија, Дејвид и Викторија се прегрнаа, а потоа тој се оттргнаа од ...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...

Најчитани неделава